Генетски сонограм

Генетски сонограм е испитување кое се прави кај трудниците од 18 до 23 седмица на бременоста. Се гледа плодот и се откриваат евентуални аномалии. Се испитуваат 16 ехо маркери за рано откривање фетални дефекти и има висока прогностичка вредност. Не смее да има отстапување од нормалата во ниеден маркер, а доколку тоа се случи бремената жена се упатува на дијагностички постапки.