Евалуација на Инфертилни (неплодни) партнери

  1. Овулација:
    • докажување на присуство или отсуство на овулација со помош на тест ленти што се потопуваат во урина, го мерат пикот(максимумот) на концентрацијата на ЛХ хормонот, мерење на базална температура. Chlomiphene citrate challenge тест би ни дал информација за оваријалната резерва, за способноста на јаниците да реагираат на хормонски стимули.
  2. Ултразвучна евалуација на генитални органи:
    • Во 2Д, 3Д или 4Д проекција се прикажуваат матката, тубите, јајниците, се исклучуваат/потврдуваат промени на истите ( миоми, хидросалпингс, ендометријални полипи, цисти и тумори на јајниците).
  3. Хормонски статус:анализа на ТСХ, ФСХ, ЛХ, Естрадиол, Тестостерон, Пролацтин, АМХ. 
  4. Испитувања за ХИВ , Хепатитис Б/Ц , Сипхилис, Гоннорхеа, Цхламидиа 
  5. Хистеросалпингографија (ХСГ):
    • процедура при која преку грлото на матката се внесува контрастна течност во шуплината на матката и со помош на рентген се прави снимка. Притоа се бараат дефекти во исполнувањето на матката и проодноста на тубите.
  6. Дијагностичка хистероскопија:
    • со помош на хистероскоп, во краткотрајна интравенска анестезија се влегува во матката , при што се визуализира целата шуплина, отворите на тубите и доколку има промени како септум, субмукозен миом, полип, истите можат да бидат отстранети. Оваа процедура се врши веднаш по менструација т.е. меѓу 5 и 12 ден од циклусот.
  7. Дијагностичка лапароскопија:
    • микро инвазивна метода, при која преку три мали отвора на абдоменот се влегува во мала карлица и со помош на камера се гледа анатомијата на матката, јајниците, тубите, се врши отстранување на цисти, миоми, сраснувања од претходни операции. Во текот на интервенцијата се прави и хромопертубација што значи внесување на метиленско плаво во тубите и се гледа нивната проодност( истото може да има и терапевтски ефект доколку запушувањето е мало).
  8. Анализа на семениот материјал:
    • за да се исклучи или потврди машки фактор на неплодност.