IVF – ICSI (ин витро фертилизација)

Ин витро фертилизацијата е лабораториска техника која овозможува јајце клетките да бидат оплодени од сперматозоиди надвор од човечкото тело.
Ин витро фертилизацијата вклучува и техника која е позната како интрацитоплазматско инјектирање на сперматозоид или Intracytoplasmic Sperm Injection (ICSI).

Оваа релативно нова техника овозможи голем напредок во третирањето на проблемите кај намалената плодност кај мажот (машкиот инфертилитет). Техниката опфаќа оплодување со микро инјектирање на сперматозоид во јајце клетката.

При користење на ICSI техниката, потребен е само еден сперматозоид за една јајце клетка. Оплодената јајце клетка претставува зигот од кој се развива ембрион кој се внесува во матката на жената каде што продолжува да се развива.

Во зависност од вашата потреба, ние може да ви понудиме неколку опции:

  • Ин витро фертилизација со сопствени клетки од партнерите (јајце клетки од жената и сперматозоиди од мажот)
  • Ин витро фертилизација со сопствени јајце клетки и сперма од донор
  • Ин витро фертилизација со јајце клетки од донор и сперма од партнерот
  • Ин витро фертилизација со јајце клетки од донор и сперма од донор