Кандида

Инфекција, најчесто предизвикана од Candida albicans но понекогаш може и од останатите Candida Sp. или други габички. Типични симптоми вклучуваат чешање и вагинален исцедок. Останати симптоми се вулварно печење, диспареунија (болка во текот на сексуален однос) и екстерна дизурија (болка при мокрење). Околу 75 % од женската популација има искусено кандидијаза,доколку 40-45% хронично ја имаат оваа инфекција. Дијагноза се воспоставува според симптомите, најчесто белузлав исцедок. Се потвдрува микроспкопски како и со микробиолошки култури.

Не е типична полово пренослива болест, па се лечи само едниот партнер.

Многу мал број на мажи можат да добијат симптоми на кандидијаза кои се најчесто чешање и иритација. Честа појава во тек на бременост, но нема потреба од паника доколку редовно го поесетувате Вашиот гинеколог. Доколку примате антибиотици, особено подолго време шансите за добивање кандидијаза се зголемени.Антибиотиците покрај штетните бактерии ги уништуваат и корисните заштитни бактерии од вагиналната микрофлора и со тоа го олеснуваат растот на кандидата.

Најчести симптоми при инфекција со Кандида се:

    • Чешање
    • Црвенило на вагина
    • Печење
    • Промена во секрет (бела боја, мирис на квасец)
    • Болка при полов однос (диспареунија)
    • Болка при мокрење (дизурија)

Во продолжение неколку стручни совети од нашиот тим на доктори за тоа како да ги намалите шансите од инфекција со Кандида:

  1. Во 1 литар вода растворете 3-4 супени лажици јаболков оцет. Со растворот се прави тоалета на гениталните орагани во период од неколку дена. Постапката ќе ви помогне за превенција од candida инфекција и спречување на веќе постоечката мала инфекција да премине во посериозна.
  2. Избегнувајте да носите влажен долен веш, многу е битно интимниот регион да биде секогаш сув. Бактерии и габички полесно се размножуваат на влажни места
  3. Избегнувајте да носите миризливи влошки
  4. Избегнувајте вашиот интимен дел да го миете со миризливи сапуни, интимни гелови и слично . Најпрепорачливо е интимниот дел да се мие само со млака вода.