Колпоскопија

Колпоскопија е дијагностичка метода за набљудување на грло на матка и вагина, односно за следење на промени на грлото на матката . Се извршува со помош на апарат наречен колпоскоп во кој е вградена леќа со помош на која сите промени се гледаат многу пати зголемени, па така и најмала промена може да се забележи и да не се дозволи да премине во понапреден стадиум. Апаратот не навлегува во внатрешноста на вагина, туку докторот само набљудува преку него. Поради тоа колпоскопијата е потполно безболна метода.