Кондиломи (condylomata accuminata)

Гениталните брадавици или кондиломи се мали бледо-розови израстоци и најчесто се појавуваат во групи. Причинител е ХПВ вирусот,односно нискоризичните типови на вирусот. Во 90% од случаите на кондиломи е одговорен ХПВ тип 6, 9 или 11. Сексуално пренослива болест. Најчесто доаѓа до инфекција со ХПВ вирус и последователно појава на кондиломи преку сексуален однос, било да е тоа вагинален, орален или анален. Се пренесуваат и преку директен контакт со заразена кожа или слузница. Лесно се добиваат дури ако користите презерватив. Скоро е невозможно да се заштитите од оваа заразна болест со обзир дека вашиот партнер може да биде преносител на вирусот дури и ако нема видливи симптоми. Симтоми на оваа болест се воглавно мали розови точки или пликови кои растат и се размножуваат во групи многу брзо или еден плик или брадавица која само расте. Од инфекцијата со вирусот до појавата на симптомите може да помине и подолг период меѓутоа најчесто се појавуваат за не подолго од 3 месеци после сексуален контакт со заразената личност.

Освен по сексуален пат, бидејки оваа болест е доста заразна можете да се заразите и од: јавни тоалети, заразена постелнина, заразена облека, крпи и бањарки кои ги носеле заразени особи и слично.

Има два начини на лекување односно отстранување на кондиломите:

  • Првиот е горење со Азот , кој е доста болен и долготраен метод.
  • Вториот начин е ласерско отстранување на кондиломите кој е поефективен и далеку пократкотраен. Со ласерскиот третман кондиломите се отстрануваат еднократно и безболно.

Совет: Не менувајте облека , крпи, бањарки со пријатели и блиски личности. Секогаш бидете претпазливи кога одите во јавни тоалети, дезинфицирајте ги рацете после излегување од тоалет.