Тест по Папаниколау или попознат како пап-тест се прави со цел рано откривање на промени на грлото на матката, кои можат да доведат до пoјава на карцином, што значи редовно правење на пап тестот е превенција од карцином. Заради превенција се препорачува да се прави на секои 6 месеци. Потполно безболна метода.
Процедурата е следна:
Со стерилна четкица се зама брис од цервикс (грло на матка). Се прави размаска на стакленце кое потоа се испраќа на цитолошко испитување.
Цитологија е наука за клетките, со што се подразбира дека патолозите под микроскоп од размасаката гледаат промени во клетките. Секоја промена во одредена клетка асоцира на одредена специфична дијагноза. Со пап тестот се дијагностицираат инфекции и промени во клетки, предизвикани од вирусна етиологија, односно ХПВ вирус. Вируси од типот на ХПВ или бактерии не се докажуваат со пап тест, туку со други испитувања( ХПВ типизација и Микробиолошки испитувања).
Промените во клетките можат да асоцираат на лесна, умерена, тешка дисплазија или во најлош случај карцином. Следствено на тоа се добиваат следниве дијагнози:
ASCUS – атпични плочести клетки
CIN1 – лесна дисплазија
CIN2 – умерена дисплазија
CIN3 – тешка дисплазија
Carcinoma in situ