PCOS или таканаречен синдром на полицистични јајници е одговорен за абнормалното функционирање на Вашите јајници и изостанок на редовен менструален циклус.
Проблем каде што има појава на дисбаланс на женските полови хормони.
Симптомите на Polycystic Ovary Syndrome не се лесни за препознавање до пубертетот,кога меструалните циклуси започнуваат бидејќи промените во хормоните започнуваат во периодот кога се добива менструален циклус.
Има повеке симптоми кои се специфични за PCO синдромот:
- зголемена влакнетост на телото и лицето
- потемнување на кожата на некои делови од телото
- проблем со здебелување
- нерегуларни менстраулни циклуси(поретка овулација или изостанок на овулација)
- полицистични јајници
- вагинални инфекции
- дисбаланс во хормони
- Акни
- Депресија
Потребен е третман за контрола на симптомите поради спречување на долгорочни проблеми.