Спермограм – Испитување на семен материјал

Сведоци сме дека современиот начин на живот ( загадениот воздух, стресот,храната која ја јадеме,алкохолот…) доведува до многу болести и пореметувања во нашиот организам.

Доказ дека сите тие фактори влијаат и на квалитетот на семениот материјал е фактот што машкиот стерилитет споредено со некогаш, сега сè повеќе процентуално расте и скоро се изедначи со женскиот фактор на стерилитет.

Спермограм е резултат од низа анализи на семениот материјал (ејакулат).
Овие анализи даваат информација за способноста на сперматозоидите за оплодување на јајните клетки, нивниот број, изглед и квалитет.

Од извршените анализи на семениот материјал (ејакулатот) добивате информација за следните параметри: изглед, ликвефикација (втечнување), конзистенција, вискозитет, волумен, мотилитет, аглутинација, морфологија на сперматозоиди, концентрација на сперматозоиди, вкупен број на спрематозоиди на ејакулатот, како и фотографии од истите.

Според резултатите и референтните вредности од погоренаведените параметри се воспоставува дијагноза која може да биде една од наведените:

  1. Normozoospermia – нормален ејакулат кој не отстапува од нормалните референтни вредности
  2. Oligozoospermia- намелен вкупен број на сперматозоиди
  3. Asthenozoospermia – намалена подвижност на сперматозоидите
  4. Teratozoospermia-пореметена морфологија на сперматозоидите
  5. Azoospermia – отсуство на сперматозоиди во ејакулатот
  6. Necrospermia- мртви сперматозоиди во ејакулатот
Правилна припрема за спермограм

За да резултатите од спермограмот бидат објективни важно е да апстинирате од ејакулација од 3 до 5 дена. Доколку материјалот го носите од дома , тогаш е потребно да купите стерилна чашка за урина од аптека и материјалот да го донесете во Центарот најкасно за еден час. Чашката да биде завиткана во неколку слоја хартија (поради термичка изолираност) и ставена во ќеса.
Семениот материјал можете да го дадете и во самиот Центар, во специјална просторија применета за таа намена.Во тој случај сите потребни средства ги добивате во нашиот Центар.

И во двата случаи имате право на анонимност.

Закажи термин за спермограм
Работно време 08:30-14:30

Начин на достава на семениот материјал

*начин 1 : Да го донесете лично или да го донирате материјалот во Центарот за ИВФ.
Цена: 2000 денари

*начин 2 : По договор со Вас, материјалот да биде подигнат (од наша служба) од Вашиот дом и резултатите да ги добиете на email, факс или друг начин на комникација кои Вие ќе го одберете.
Цена: 2200 денари