ТЕСЕ – сепарација на сперма

TESE е процедура што се користи кај мажи со опструктивна или неопструктивна азооспермија т.е. кај мажи кои немаат сперматозоиди во нивниот ејакулат.
Оваа процедура се изведува под локална анестезија при што се колектираат сперматозоиди директно од тестикуларното ткиво. Бидејќи количината на добиените сперматозоиди е мала оваа техника скоро секогаш се комбинира со ICSI – инрацитоплазматска спермална инјекција.