Постојат повеќе начини за поставување дијагноза на бременост:
-
Брз тест за бременост
Mетод со кој во домашни услови преку брз тест можете да дознаете дали сте бремена или не, со напомена дека кај овие тестови секогаш постои опција за лажно позитивен или лажно негативен резултат.
Функционираат на принципот на детекциија на Beta HCG (human chorionic gonadotropin) во урина. Зголемено HCG значи позитивен резултат. Обично се прават при првото уринирање, наутро бидејки концентрацијата на HCG хормонот е најголема наутро, па најлесно може да се детектира.
Колку порано го правите тестот, толку е поверојатно да добиете грешен негативен резултат, т.е. тестот да покаже дека не сте бремена кога всушност сте.
Во врска со времето кога треба да се направи односно кога најрано може да се докаже бременост со брзиот тест се смета дека треба да помине најмаку една седмица од доцнење на менстрауалниот циклус.
-
Beta HCG
Процедурата за тест за бременост преку крв е далку поточна и посигурна метода од брзиот тест. Оваа процедура се изведува во лабораторија и функционира исто на принципот на детeкција на HCG хормонот. Доколку има концентација на количество над референтните вредности тогаш се работи за бременост.
-
Ехо
Најсигурен начин за утврдување на бременост е ехо дијагностиката. Со ехо апаратот преку специјална сонда поврзана со монитор се утврдува бременост. Бременоста може и самите да ја видите на монитор на кој исто се гледа ембрионот и неговиот понатамошен напредок.