Хименопластика

НОВ ПОЧЕТОК

Иако времињата се променија, се чини дека невиноста сеуште има високи вредности.

Потребата за реконструкција на хименот е од различни лични причини, вклучувајки религиозни и културни норми.

Хименопластика претставува хируршка реконструкција на химен (мембрана која делумно го затвора влезот на вагината). Во некои култури и религии, недопрениот химен е традиционален индикатор на честа, знак на невиност.

Како причина за оштетување на хименот, освен сексуалните односи  може да бидат и екстремни вежби и користењето на тампони.

Најчести прашања :

  1. Дали хименопластиката е болна?
    • Самата интервенцијата се изведува со помош на локална или општа анестезија и не е болна.
    • По истекот на дејството на анестетикот, некои пациенти може да чувствуваат блага вкочанетост во вагиналниот предел што е очекувано неколку часа после интервенцијата, поради дејството на анестезијата.
  1. Колку време трае интервенцијата?
    • Интервенцијата трае околу 30-45 мин.
  1. Дали хименопластиката е безбедна?
    • Хименопластиката е безбедна процедура, многу ретко може да биде проследена со некои несакани ефекти. Како и секоја друга хируршка интервенција и тука постои мал ризик од инфекција и пролонгирано крварење, како и несакани ефекти од анестетикот. Во секој случај компликациите се многу ретки.
  1. Дали после хируршката интервенција треба да се прима одредена терапија?
    • После интервенцијата се препорачува антибиотик како превентива од инфекции и аналгетик по потреба.
  1. Дали и колку контроли се потребни после интервенцијата?
    • Се препорачува една контрола, една до две седмици после интервенција.
  1. После колку време треба да се отстранат конците?
    • Се користат конци од природно потекло кои се раствораат во телото и нема потреба од отстранување на конците.
  1. Кога може да имам сексуални односи?
    • Во зависност од техниката на реконструкција на хименот, со сексуални односи може да се започне веќе два дена по интервенцијата (кај химеопластика со краткок рок), односно четири до шест недели  после хируршката интервенција, (трајна хименопластика).
    • И во двата случаи, хименот ќе биде целосно реконструиран и возобновен. При првиот сексуален однос после хируршката интервенција доаѓа до пукање и крварење од хименот, исто како кај природен химен.
  1. Која е цената на оваа интервенција?
    • Хируршката реконструкција чини 500-650 евра во што се вклучени прегледот, сите пред-оперативни подготовки, анестезијата и хируршката интервенција.