Метода при која со помош на специјален катетар се внесува контрастна материја во шуплината на матката, а потоа се прави рентген снимка. Контрастната материја освен шуплината на матката, ги исполнува и јајцеводите. Доколку постои запушување на јацеводите, септум ( преграда) на матката или било каква анатомска аномалија тоа ќе се покаже на самата снимка.
Ова испитување е задолжително кај пациентки на кои им претстои инсеминација.