П.З.У ГИНЕКОМЕДИКА располага со најнов 4D HIGH DEFINITION ULTRASOUND ехо апарат, единствен од таков вид на територијата на Република Македонија и нуди врвен квалитет на работа со него од страна на високоспецијализиран, професионален, стручен кадар.
Доколку сте идни родители, нетрпеливи да го видите вашето бебе, сега кај нас можете во жива 4D видео снимка да ги видите сите негови движења. Од првите движења на вашето бебе ,вртење, слушање на неговото срце дури до најситни гримаси што тоа ги прави.
Одличен начин за идните родители да се запознаат со нивното бебе пред породувањето.
4D снмката во суштина е видео кое содржи 3D ехо слики плус додавање на четвртата димензија односно времето.
КАKО ДО ЗДРАВО БЕБЕ СО ПОМОШ НА 4Д АПАРАТОТ
На 3d/4D ехо апаратот се изведуваат многу прегледи и методи со кои можете да видите како напредува вашето сеуште неродено бебе внатре во матката.
Една од многу важните скрининг методи е ултразучниот или ехо скрининг ,затоа што е брза и неинвазивна метода а дава многу информации за плодот и бременоста .Од 11 до 13,5 недела се прави скрининг за Down sindrom.Тој се прави со откривање на генетските маркери за тој синдром, а може и со биохемиски маркери, оддвоени или заедно со ехо маркерите кога е за нешто повисока прогностичката вредност.
Од 18 до 21 недела се прави генетски сонограм на основа на 16 генетски маркери.Оваа метода е со висока прогностичка вредност.Нормален наод е ако во ниеден маркер нема отстапување од нормалата. Ако има макар и во еден,со помош на софтвер се пресметува колкав е ризикот по плодот и според тоа се одлучува дали е потребна генетска амниоцентеза или не.