Author: Гинекомедика

Совети

Под терминот Контрацепција се подразбираат разни методи кои се практикуваат со цел заштита од несакана бременост. Постојат повеќе методи на контрацепција: Хормонска контрацепција Интраутерина контрацепција Механичка или Хемиска
HPV е најчестата сексуално пренослива вирусна инфекција во светот денеска. HPV вирусот е причинител на CIN промените, кои можат, но не мора да значи, да поминат во цервикален
Истражувањето покажало дека само околу 25% од жените со симптоми поврзани со менструалниот циклус побарале третман. Останатите 75% не бараат помош поради тоа. Немојте вие да бидете една
Во 1 литар вода растворете 3-4 супени лажици јаболков оцет. Со растворот се прави тоалета на гениталните орагани во период од неколку дена. Постапката ќе ви помогне за
Ќе ви наброиме неколку симптоми што можат да Ви помогнат да ја решите дилемата оклолу тоа дали сте бремена или не: изостанок на менструација три и повеќе дена
Колку килограми е нормално да качите во тек на бременоста? Колку и да сакате, нема како да се поправите само онолку колку што тежи бебето. Подгответе се за
Овошјето и зеленчукот нека бидат најмалку 50% од Вашата дневна диета. Читајте ги состојките на храната што ја купувате. Избегнувајте продукти со повеќе од пет состојки или такви
Постојат повеќе начини за поставување дијагноза на бременост: Брз тест за бременост Mетод со кој во домашни услови преку брз тест можете да дознаете дали сте бремена или
PCOS или таканаречен синдром на полицистични јајници е одговорен за абнормалното функционирање на Вашите јајници и изостанок на редовен менструален циклус. Проблем каде што има појава на дисбаланс
Моментот кога јајната клетка е зрела, пука и излегува од фоликулот, па се движи кон јајцеводите е период на овулација. Вообичаено жената има 28 дневен менструален циклус, но
Доколку сте во процес на планирање на бременост, неколку стручни совети од нашиот тим на доктори околу факторите кои се одговорни за поздрава бремност. Кога сте подготвени за
Период на наормален менструален циклус е 28 дена. Но, во некои случаи, кај одредени жени тој период може да е продолжен и да биде подолг или пократок. Факт
Антибиограм на семен материјал е анализа на истиот од аспект на полово преносливи бактерии. Микробиолошко испитување со осетливост на антибиотици. Во нашата ординација се вршат испитувања за следните

Корисни информации

Промоции

Happy Wednesday!

Знаејќи од колкаво значење за младите е превенција од несакани сексуално преносливи болести, П.З.У. Гинекомедика во соработка со А.П.И. кој помага да се оствари оваа акција ви нудат најдобра понуда до сега.

Пап тест/колпоскопија/4д ехо преглед - 1500 денари
60% попуст за студенти и девојки до 21 година.

Затоа што вие ја градите иднината, а ние инвестираме во здрава иднина.

IVF

Намалена плодност, односно инфертилитет означува неможност на забременување во текот на една година при  сексуални односи без заштита. Се смета дека во денешно време приближно  секој седми пар се соочува со проблеми на неплодност.Доколку жената на возраст до 35 години во текот на една година, а жената над 35 години во текот на шест месеци, не забремени при сексуални односи без заштита се препорачува да се обрати кај лекар. Се смета дека причините за неплодноста се 45% кај мажите, 45% кај жените и 10% се непознати причини кај двајцата, односно кај мажот и кај жената.

Потребно е да знаете:

Доколку женатa до 35-тата год. редовно одела на гиниколошки прегледи шансите за забременување се неколу пати поголеми.

baby

Центарот за ин витро оплодување ГИНЕКОМЕДИКА – Скопје,  применувајќи ги најновите достигнувања во науката и технологијата  ги нуди следниве услуги:

Контакт

Скопје

ул. 50-та Дивизија бр.5

Мобилен: 078 24 70 44

Е-маил:
contact@ginekomedika.com.mk

Битола

ул. Широк Сокак бр.154

Телефон: 047 22 12 42
Мобилен: 078 24 70 46

Е-маил:
officebt@ginekomedika.com.mk

Мапа Скопје

Мапа Битола

Контакт

За нас

П.З.У ”Гинекомедика” како прва приватна гинеколошко-акушерска здравствена установа успешно се грижи и прогресивно напредува во згрижувањето на здравјето на жената во Р. Македонија од 1993 година.

Веќе 21 години ви нуди хуман пристап, оригиналност, ефективност, ги промовира најдобрите решенија и е лидер во воведувањето на нови техники, технологии и методи на гинеколшко-акушерската здравствена заштита на женската популација во Македонија.

Не двоумете се каде да го направите вашиот чекор кон подобро здравје затоа што ние сме пример дека искуството ги прави разликите и најдобро го докажуваме тоа!!!

Персонал:

Д-р Дејан Божиновски, специјалист гинеколог – акушер
Д-р Силвана Божиновска, специјалист гинеколог – акушер

Кратка историја:

1993 Прва приватна гинеколошко-акушерска установа во Македонија
1997 Прв 3-D ултразвучен апарат на балканот.
1998 Прв на балканот и се уште единствен ласер Yag-nd на територијата на Р.Македонија за превенција на карцином на грло на матка (PVU)
2000 Втора ординација во Скопје со истата техничка опременост, технологија и методологија на работа како и во матичната ординација во Битола
2003 Почеток на IVF програмата во соработка со”Iakentro Advanced Medical Centre”, Солун-Грција
2007 Воведување на прв ултра-краток протокол за лекување на кондиломи (брадавици) на генитални органи кај женската и за прв пат кај машката популација со Yag-nd ласер
2009 Оплодена со IVF, водена и породена највозрасната пациентка  во Македонија (48 години, 2M + 1F)
2009 Прв 4D HD  ултразвучен апарат во Македонија
2013 Нов ултра пулсен диоден ласер
2015 Златен медал на саем за иновации, Макинова 2015

 

Услуги

ГИНЕКОЛОШКИ УСЛУГИ

  1. Комплетен преглед:
  2. Ласерско лекување, еднократно, безболно
  3. Утврдување бременост 5 дена по изостанок на редовен менструален циклус
  4. Водење на бременост
  5. Пренатална дијагностика
  6. Генетско советувалиште
  7. Генетски сонограм
  8. Скрининг за Down syndrom
  9. Преглед на дојка
  10. Биопсија
  11. Хименопластика
  12. Бесплатни стручни консултации
  13. HPV типизација
  14. Земање брисеви за микробиолошки испитувања
  15. Инсеминација

УСЛУГИ НА ЦЕНТАРОТ ЗА ВЕШТАЧКО ОПЛОДУВАЊЕ (ИВФ):

  1. Ин витро фертилизација (IVF – ICSI)
  2. Интаутерина инсеминација
  3. УЗ фоликулометрија
  4. Аспирација на цисти
  5. Замрзнување на сперма
  6. Чување на замрзната сперма
  7. IMSI
  8. ТЕСЕ – сепарација на сперма
  9. Чување на ТЕСЕ материјал
  10. Спермограм

ХПВ (Хуман Папилома Вирус) кај мажи

Секоја личност која е сексуално активна би можела да добие Хуман папилома вирус (ХПВ). Студиите покажуваат дека околу 75% од сексуално активните мажи и жени ќе се здобијат со аногенитална инфекција со ХПВ во некој период од нивниот живот. Најголем број од инфекциите се без симптоми и се потиснати без никаков третман во период од две години. Потиснувањето на вирусот кај мажите најчесто оди многу побрзо отколку кај жените.

Како мажите добиваат ХПВ?

ХПВ се пренесува преку генитален контакт – најчесто преку вагинален или анален секс. ХПВ може да се пренесе и преку орален секс, а се пренесува и без пенетративен секс, т.е ако се дојде во контакт со инфициран регион (кожа на кожа контакт) во аногениталниот регион. Може да се биде инфициран со повеќе од еден тип на ХПВ во исто време. Бидејќи ХПВ обично не предизвикува симптоми, повеќето мажи и жени може да се инфицираат и да го пренесуваат вирусот без нивно знаење. Вирусот може да биде присутен и ако поминал долг период од последниот сексуален контакт, изразено дури и во години.

Кои здравствени проблеми се предизвикани од ХПВ кај мажи?

ХПВ може да ги инфицира гениталните региони кај мажите, вклучително и кожата на и околу пенисот и анусот. Устата и грлото исто така може да бидат инфицирани. Некои типови на ХПВ може да предизвикаат генитални брадавици.

Типовите на ХПВ кои предизвикуваат генитални брадавици

Најчесто ХПВ тип 6 и 11, се пренесуваат со кожа-на-кожа контакт, најчесто за време на вагинален, анален, но и орален секс со некој кој има инфекција. Поверојатно е да бидат пренесени доколку има видливи брадавици, но може да бидат пренесени и доколку тие отсуствуваат.

Други типови на ХПВ може да предизвикаат канцер на пенисот, анусот или орофаринксот

(задниот дел на грлото, основата на јазикот и крајниците). Анален канцер не е исто што и колоректален канцер. Колоректалниот канцер е многу почест и не е предизвикан од ХПВ. Типовите кои предизвикуваат генитални брадавици не се исти со типовите кои може да предизвикаат канцер.
Сепак, треба да се нагласи дека повеќето мажи кои ќе се здобијат со ХПВ од било кој тип, не развиваат никакви симптоми или здравствени проблем.

Како да ја намалам можноста за инфекција со ХПВ?

Кондомите (ако се употребуваат при секој сексуален акт, од почеток до крај) може да ја намалат можноста за пренесување на ХПВ, а со тоа и развиток на болести поврзани со ХПВ. Но, за жал тие не се 100% ефективни кога е ХПВ во прашање, бидејќи ХПВ се пренесува примарно преку кожа-на-кожа контакт. ХПВ може да ги инфицира регионите кои не се покриени со кондомот.

Абстиненцијата е единствен начин за превенција на ХПВ пренос. Ризикот може да биде намален ако личноста има сексуални односи само со една личност која не е инфицирана и која исто така е моногамна, т.е има само еден сексуален партнер. Сепак, дури и луѓе со само еден партнер во животот, може да бидат инфицирани ако тој партнер ја носел инфекцијата. Ако долготрајниот сексуален партнер на мажот има ХПВ, веројатноста е многу голема дека и тој го добил. Истото важи и обратно, маж на жена. Бидејќи личноста може да има ХПВ многу години пред тој да предизвика некакви здравствени проблем, не постои начин да се знае кој на кој партнер му ја пренел инфекцијата. ХПВ инфекција кај партнерот не мора нужно да значи дека имал односи надвор од моногамната врска. Вирусот може да остане притаен во телото без видливи симптоми со години. Најчесто е невозможно да се одреди кога и од кого е здобиен бидејќи ХПВ може да биде детектиран веднаш по изложувањето или многу години подоцна.

Поради тоа непотребно е партнерите да се обвинуваат меѓусебно.
Зголемен број на партнери го зголемува ризикот од инфекција со ХПВ, но вирусот е толку чест што да се има еден животен партнер не значи и сигурна превенција.

Сепак, поради тоа што гениталните брадавици лесно се пренесуваат помеѓу сексуалните партнери, пожелно е да го информирате партнерот доколку ги имате и да избегнувате сексуален однос до нивно отстранување.

Личен тест:

Проверете дали имате некви абнормалности на пенисот, скротумот или околу анусот. Веднаш посетете го Вашиот доктор доколку забележите брадавици, ранички, пукнатини, бели региони или други промени кои се сомнителни.

Протокол на In Vitro фертилизација

  1. Стимулација на јајниците и мониторирање

Јајниците се стимулираат со давање на хормони (FSH, Follicle Stimulating Hormone и кај некои случаи и Luteinising Hormone, LH). Ефектите од стимулацијата се следат со мониторирање на растот на фоликулите се додека тие не ја постигнат потребната големина и број. Во овој момент, се дава хормон кој го имитира LH (Лутеинизирачки хормон), хормонот кој што природно ја поттикнува овулацијата, што резултира со ослободување на јајце клетките.

  1. Собирање на јајце клетките и ин витро фертилизација

Собирањето на јајце клетките се врши со внесување на игла во фоликулите од јајниците и аспирирање на фоликуларната течност. Процедурата се изведува под анестезија. Кога ќе се извадат јајце клетките се чуваат во инкубатор во адекватен медиум за култивирање. Во меѓувреме од спермата се прочистуваат мотилните сперматозоиди кои ќе бидат употребени за фертилизација со користење на IVF или ICSI методата. Во последно време често се употребува ICSI (Intra Cytoplasmic Sperm Injection) методата која претставува оплодување на јајце клетката со микро инјектирање на сперматозоид. Постапката која што претходи и која што следува е иста како и при класичното IVF оплодување. Единствената разлика е што за ICSI методата е потребен само еден сперматозоид за една јајце клетка, додека за класичната IVF инсеминација се потребни 50 000 до 100 000 сперматозоиди. ICSI техниката се употребува од 1992 година за оплодување кај пациентите со машки инфертилитет или абнормалност на спермата од типот на: azoospermia (отсуство на сперматозоиди), oligozoospermia (ниска концентрација на сперматозоиди), asthenozoospermia (ниска мотилност на сперматозоидите) или teratozoospermia (низок број на морфолошки добри сперматозоиди).

  1. Трансфер на ембриони

Денот после извршеното оплодување се осознава бројот на оплодени јајце клетки. Во текот на следните 2 до 3 дена се добиваат ембриони кои се спремни за трансферирање во матката. На денот на трансферот ембрионите со најдобар квалитет се селектираат. Со законот е дозволено во матката максимално да се трансферираат 2 ембриони. Ембрионите се внесуваат во тенок катетер со кој гинекологот ги трансферира ембрионите длабоко во матката. Оваа постапка се изведува без анестезија. Вообичаено едниот ембрион се имплантира и започнува бременост но сепак понекогаш се имплантираат и двата ембриона и настанува близначка бременост.

  1. Криопрезервација

Ембрионите кои што остануваат после извршениот ембриотрансфер може да се замрзнат со процесот познат под името витрификација, и да се чуваат во течен азот. Замрзнатите ембриони може да се користат при друга ин витро постапка доколку не дошло до бременост при првиот обид или за втора бременост. Третманот за припремата на матката за трансфер на замрзнати ембриони е многу поедноставен и нема потреба од стимулација на јајниците за да се добијат јајце клетки со што значително се намалуваат трошковите за втор обид.

Примена на дополнителни алтернативни методи при конвенционален IVF третман

Од неодамна за првпат во Македонија почна да се применуваат и алтернативни методи во додаток на конвенционалниот ИВФ третман. Тимот од ИВФ центарот ГИНЕКОМЕДИКА во Скопје, посебно за секоја пациентка подготвува пакет на дополнителни алтернативни методи за ослободување од стрес, зголемување на крвотокот во малата карлица и зголемување на процентот на успешност на ИВФ процесот. Методите кои се користат семузикотерапија, бовен- терапија и нутриционизам.

За овој иновативен пристап во медицинската практика при спроведување на класичниот ИВФ третман, тимот составен од Леонина Корнети Пекевска – музикотерапевт, Дејан Ѓорѓиевски – физиотерапевт, д-р. Дејан Божиновски – гинеколог и Др. Лилјана Симјановска – ембриолог, беше награден со златен медал на годинашниот саем за иновации МАКИНОВА/ЕКОНОВА 2015.

Музикотерапија

Музиката била користена низ историјата на човештвото за изразување или поттикнување на емоциите кај луѓето. Уште од дамнешно време биле приметени терапевтските и лекувачките способности на музиката. Музиката може психолошки да влијае врз промената на расположението, може да има ефект на стимуланс или седатив, исто така може да менува или насочува физиолошки процеси како на пример, брзината на чукање на срцето или темпото на дишење. Здравствените бенефиции на музиката довеле до формирање универзитетски програми уште при крајот на 1940-тите и почетокот на 1950-тите, а првата национална професионална асоцијација на музикотерапевти е формирана во Соединетите Американски Држави, во Њујорк во 1950 година.

Музиката има позитивни ефекти за сите. Помага на луѓе кои имаат физички, емоционални, когнитивни, социјални проблеми а исто помага и на здрави луѓе за релаксирање, намалување на стресот и подобрување на расположението.
Музикотерапијата е техника која е комплементарна на класичната медицина, а е дел од алтернативната медицина. Таа користи музика и звуци, специјално наменети според потребите на пациентите.

Музикотерапевтските програми се специјално дизајнирани за да помогнат на пациентите да ги пребродат или надминат физичките, емоционалните, интелектуалните и /или социјалните проблеми.

Резултатите од примената на музикотерапијата опфаќаат голем број позитивни ефекти за пациентот, од подобрување на комплетната состојба на телото и умот до намалување на нивоата на стрес и болка.

Музикотерапијата се користи во многу опкружувања и институции, како што се: болници, рехабилитациони центри, училишта, социјални центри, домови за стари лица итн…

Една од првите музикотерапевтски истражувања кај неплодни пациенти, биле изведени со цел да се докаже дека соединувањето на музиката и медицината помага во смирување и релаксирање на душата, намалување на стресот кај пациентот и на крај, дефинитивно подобрување на резултатот при ин-витро постапката. Така се дојде првпат до позитивни резултати кај неплодни пациенти, иако до тогаш, веќе беа докажани бенефициите на музикотерапијата кај различен вид на пациенти од други области.

Стресот е на многу високо ниво кога се во комбинација проблеми со неплодност и желбата да се зачне дете. Голем процент од двојките кои сакаат дете со ин-витро методот, се соочуваат со емоционални, финансиски и физички типови на стрес поради неплодност во комбинација со сите типови третмани кои следат пред и по оплодувањето.

Третманот со музикотерапија започнува од почетокот на ИВФ третманот, пред и по ембрио трансферот, трае паралелно со носењето на детето и би било убаво да се применува се до денот на породување.

При музикотерапија кај овие процеси се бира специјален тип музика според вкусот, желбата и состојбата на пациентот. Стручно лице нуди на пациентот спремен избор на музика којшто по одобрение на пациентот, може да почне терапевтски да се користи.

БОВЕН – терапија

БОВЕН-техниката е терапевтска техника која потекнува од Австралија, каде што е признаена од страна на државното и бројни приватни здравствени осигурувања. Од јуни 2010 год. е вклучена и во здравствениот систем на Велика Британија. Покрај во Австралија и Велика Британија, терапијата има широка примена во многу држави во Европа, Северна Америка и Канада.

Бовен-терапијата е мануелна техника која вклучува нежни движења/потези, наречени бовенови потези, но истовремено и многу моќна техника која испраќа невролошки импулси кон централниот нервен систем. ЦНС ги прима, обработува и интегрира импулсите, а пота враќа соодветен одговор во облик на импулси, кои се одразуваат како одговор на телото во форма на различни механизми кои се манифестираат како намалување на тензијата, мускулна релаксација, подобрена циркулација на крв и лимфа, забрзан процес на регенерација и пред се хормонски баланс на организмот.

Бовеновите потези се изведуваат на точно одредени места од телото, на значајни точки, преку мускулите, тетивите, фасцијата, периферните нерви и некои акупунктурни точки. Третманот трае од 30 до 60 минути и се обработува целото тело, при што се изведуваат точно одредени потези, на точно одредени места, по точно одреден редослед, што ја прави оваа техника поразлична од сите останати мануелни терапии.

Бовен-терапијата е нежна, неинвазивна, холистичка и природна техника која речиси нема контраиндикации, и е одлична за сите возрасти, особено за малите деца, бремените жени и лицата кои сакаат да осниваат семејство. Одлична терапевтска, антистрес и релаксациска техника, за многу болести и заболувања, а од гинеколошките проблеми се применува кај: стерилитет, нередовен менструален циклус, ПМС, цисти и фиброми кај јајниците, фиброцистични дојки, хормонски проблеми и др.

Бовен-терапијата се заснова на концептот да се постигне хомеостаза во организмот, односно баланс кој ќе поттикне активација на внатрешните механизми во телото со цел телото само да си помогне во решавањето на проблемот. Терапијата влијае како на соматско така и на психолошко ниво, што ја прави единствена и уникатна техника. Механизмите/органските системи преку кои техниката ги изразува своите ефекти се: мускули, фасција, автономен нервен систем, периферен нервен систем, кожа, акупунктурни точки и меридијани, проприоцепција и микроелектрични ефекти/пиезоелектричен ефект.

Бовен-терапијата и неплодноста се меѓусебно поврзани, бидејќи рамнотежата, балансот и релаксацијата, кои се постигнуваат со бовен-терапијата се одлична подлога за реализација на бременоста. Неплодноста се дефинира како неможност за концепција по една година незаштитени односи или како неможност за доносување на бременоста до крај, односно до породување. Бовен-техниката може да се употребува кај жената или кај парот кои не можат да остварат концепција, а притоа по медицински пат да се исклучени сите органски причини кои би ја спречувале концепцијата. Оваа терапија помага при стерилитет бидејќи влијае врз хомеостазата и балансирањето на сите органски системи, пред се на половите органи и хормони, што овозможува позитивни услови за моментот на концепцијата и доносувањето на бременоста до породување.

Нутриционизам

Правилната исхрана како практика за лекување

Преку храната природата го храни и негува телото. Кога телото е ненахрането и во него е внесено нездрава храна истото нема можност за обнова и регенерација. Ова е особено важно за фертилитетот. Секојдневно во телото изумираат одреден број на клетки, а на нивно место постојано се создаваат нови клетки. Ова се случува со сите органи, мускули, ткива. Новите клетки се создаваат од храната која ја внесуваме во нашето тело. Затоа правилната исхрана овозможува да се внесе здрава храна, при што да се формираат нови здрави клетки и телото да се одржува здраво и витално.

Во минатото кога се применувале традиционалните начини на исхрана, луѓето биле многу по-плодни. Со појавата на индустриската храна почнале да се појавуваат бројни здравствени проблеми меѓу кои и проблеми со плодноста. Затоа правилниот начин на исхрана кој изобилува со протеини, минерали, калциум и природни масла има големо влијание врз квалитетот на репродуктивните клетки.

Честопати здравиот начин на исхрана кој најчесто се применува во секојдневниот живот се разликува од исхраната за здрав фертилитет. Исхраната за подобрување на фертилитетот има свои специфичности а целта е да се влијае врз квалитетот на репродуктивните клетки, јајце-клетките и сперматозоидите, како и за понатаму да се обезбеди здрав фетален развој.

Преку исхраната потребно е да се направи баланс и подготовка на целиот организам за развој на здраво дете.

ИВФ центарот ГИНЕКОМЕДИКА има подготвено посебна програма за правилна исхрана на пациентите кои се подготвуваат за ИВФ третман.

Лекарства што се користат во АРТ (Асистирани Репродуктивни Техники)

Кломифен цитрат

Тој е структурно сличен со естрогените. Се врзува за рецепторите за естрогени во хипоталамусот( дел од мозокот што учествува во регулацијата на менструалниот циклус ) и на тој начин продолжува лачењето на ГнРХ од хипоталамусот кој од своја страна ја стимулира хипофизата да лачи ФСХ и ЛХ. Овие два хормона учествуваат во стимулација на растот и созревањето на фоликулите во јајниците.
Кломифен цитратот се прима орално ( преку уста) во форма на таблети од 50 мг. Со терапија се почнува од 3-7 ден од циклусот. Дозата е индивидуална, при тоа се земаат во предвид индексот на телесна тежина, одговорот на јајниците.
Ефектот од стимулацијата се проследува ултразвучно- се прави фоликулометрија т.е. се следи бројот и големината на растечките фоликули.

Гонадотропини

Тоа се хормони што нормално се лачаат од предниот дел на хипофизата и тука спаѓаат ФСХ ( фоликулостимулирачки хормон ) и ЛХ (лутеинизирачки хормон ).
Во процесот на АРТ овие хормони се применуваат во форма на инјекции што се аплицираат подкожно.
Индукцијата на овулација обично започнува со ниски дози ( 50-75 ИУ/ ден) и постепено дозата може да се зголемува ако нема добар одговор од страна на јајниците. При секоја стимулација задолжително се следи ултразвучно бројот и големната на фоликулите бидејќи постои ризик од оваријална хиперстимулација.

ГнРХ аналози

Лекови кои се користат за десензибилизација на хипофизата,односно служат за превенција на предвремен скок на ЛХ во процесот на контролирана оваријална хиперстимулација (КОХ)

Тука спаѓаат:

  1. ГнРХ агонисти
    Леупролид ацетат – ова лекарство се сврзува со рецепторите за ГнРХ и води до ослободување на супстанци што стимулираат секреција на ФСХ и ЛХ.
    Континуирана администрација на ова лекарство првично води до зголемена секреција на горенаведените хормони, а потоа до десензибилизација на хипофизата и пад во продукцијата на ФСХ и ЛХ, и на тој начин се спречува скокот на ЛХ во фазата на стимулација. Ваквите лекарства се користат во т.н. долги протоколи на стимулација.
  2. ГнРХ антагонисти
    За разлика од ГнРХ агонистите за чие што делување е потребно 2-3 недели, ГнРХ антагонистите делуваат веднаш, во рок од неколку часа вршат десензибилизација на хипофизата,со последователно намалуване на ФСХ , ЛХ и естрадиол.Се користат во т.н. кратки протоколи на стимулација.
ХЦГ- (хуман цхориониц гонадотропин)

Тоа е полипептиден хормон што се синтетизира во постелката ( плацентата). Се состои од една алфа и една бета субединица. Алфа субединицата е идентична со алфа субединицата на ЛХ, ФСХ и ТСХ. Ова лекарство служи за подготовка на фоликулите за пункција. По прием на инјекцијата со ХЦГ овулација настанува на 40-от час. Тоа е клучен момент бидејќи пунктирањето на јајце клетките треба да се изврши пред да настане овулација т.е. на 34- 36-от час по апликација на лекарството.

Прогестерон

Тоа е хормон што се проиведува од јајниците, жолтото тело по овулација и од постелката. Важен е за подготовка на слузницатаицата на матката за имплантација на оплодената јајце клетка. Прогестеронските препарати се во форма на вагиналети или инјекции со депо ( продолжен) ефект. Терапијата со Прогестерон започнува од денот на ЕТ ( ембрио трансвер) или инсеминација па се до 10-12 гестациска недела кога постелката е веќе развиена и може сама да го произведува .

Аспирација на цисти

Интервенција при која под контрола на ултразвук со помош на тенка игла се извлекува (аспирира) течноста од цистата. Процедурата се врши во краткотрајна интравенска анестезија, што значи дека пациентката нема да осети никаква болка.

Како и при секоја интервенција, така и при аспирација на циста постои ризик од повреда на крвни садови, прскање на истата и излевање на содржината во абдоминалната /карличната шуплина.

Аспиратот ( добиената содржина од цистата) потоа се испраќа на цитолошка анализа каде специјалисти патолози го обработуваат на специфичен начин, а потоа материјалот го гледаат под микроскоп т.е. поставуваат хистопатолошка дијагноза.

IMSI – интацитоплазматско инјектирање на морфолошки селектиран сперматозоид

Претставува варијација на ICSI, но со таа разлика што при IMSI  со помош на специјален микроскоп, на големо зголемување ембриологот ги анализира сите структури на сперматозоидот, вклучително и јадрото каде се наоѓа генетскиот материјал и на тој начин го одбира структурно најздравиот.

Има студии кои покажуваат дека користењето на IMSI го зголемува процентот на успешни бремeности.