Category: Совети

Совети од Гинекомедика

Контрацепција

Под терминот Контрацепција се подразбираат разни методи кои се практикуваат со цел заштита од несакана бременост.

Постојат повеќе методи на контрацепција:

  1. Хормонска контрацепција
  2. Интраутерина контрацепција
  3. Механичка или Хемиска контрацепција
  4. Природна метода на контрацепција
  5. Стерилизација

Хормонска контрацепција

Хормонската контрацепција е еден од најсигурните методи за заштита од бременост. Тоа се хормонски таблети или така наречени анти беби пилули.Се пијат по шема секој ден,во одреден период од денот. После завршувањето на една доза се добива менструација за чие време се прекинуваат па повторно се почнува со наредна доза.

Интраутерина контрацепција

Интраутерини влошки или така наречени спирали. Содржат биоактивни материи како бакар,сребро и хормони и се менуваат на секои 4-5 години со редовни контроли. Се препорачуваат кај жени кои имаат родено.Се аплицираат последен ден од менструација.

Механичка или Хемиска контрацепција

  • Презервативи(машки или женски), со што никогаш не се користат истовремено
  • Дијафрагма
  • Цервикални капи

Хемиските контрацептивни средства делуваат спермицидно и се ставаат во вагина непосредно пред сексуален однос. Се наоѓаат во вид на креми,таблети,пасти,желеа,пена и слично.

Природна метода на контрацепција

Прекинат полов однос (coitus interruptus).

Стерилизација

Оперативна постапка со која на мажите им се одзема репродуктивната способност.Кај жени подразбира подврзување на јајцеводите.

Дали сте знаеле дека…

Вагинални тампони од платно, волна или сунѓери натопени со саламура од сирење, лимонов сок или масло како контрацепција користеле некои примитивни народи.

HPV / CIN

HPV е најчестата сексуално пренослива вирусна инфекција во светот денеска. HPV вирусот е причинител на CIN промените, кои можат, но не мора да значи, да поминат во цервикален карцином . Сепак факт е дека цервикалниот карцином е втор по зачестеност кај женската популација после карцином на дојка.

Информациите што следат ќе ви помогнат подобро да ја разберете оваа состојба со сите нејзини карактеристики и можности за лекување:

  • Што е CIN?
  • Како се дијагностицира?
  • Како да спречиш HPV инфекција?
  • Симптоми на HPV
  • HPV и CIN
  • Дали и зошто да се лекува?
  • Како се лекува CIN
  • Дали се потребни контроли после третманот?
  • Дали и партнерот треба да се лекува?

Што е CIN

Cervikalna intraepitellijarna neoplazija. Терминот neo означува нешто ново додека терминот plazija значи раст. Цервикалната инраепителијарна неоплазија означува абнормален раст на цервикалните клетки, а се нарекува уште и цервикална дисплазија.

CIN не е карцином!

Класифициран е во 3 степени: CIN 1(дисплазија од низок степен), CIN 2(дисплазија од среден степен) и CIN 3(дисплазија од висок степен).
Ова заболување припаѓа на групата сексуално преносливи болести или STD(Sexually Transmitted Diseases)а го причинуваат одредени подтипови на генителен вирус наречен Human papiloma virus или HPV. Појавата на заболувањето ја фаворизираат дополнителни егзогени фактори како пушење цигари, недостаток на фолна киселина во исхраната. Заболуваат најчесто девојки на возраст од 25-35 години но не е поштедена ни останатата популација.
Надворешниот дел на грлото на матката и вагината се препокриени со повеке слоеви на клетки наречени плочести клетки или плочест епител. Нормално, на дното на овие слоеви се наоѓаат млади, овални клетки. Како клетките созреваат се искачуваат во погорните слоеви на слузницата и стануваат плочести. Ваквите слоеви на клетки се одвоени од подлабоките структури со таканаречена базална мембрана која има исклучителна важност при одредување на степенот на промената.

Дисплазија од низок степен (CIN1)

Променети се само мал број на клетки во најдолната третина од слузницата. Овој степен на дисплазија може во одредени случаи и спонтано да се повлече. Меѓутоа многу студии фаворизираат лекување на овој степен сакајќи да се спречи евентуалното напредување на заболувањето.

Дисплазија од среден степен (CIN 2)

Заболените клетки зафаќаат повеќе од половина од слузницата на грлото на матката.
Неопходен е третман за лечење!!!

Дисплазија од висок степен (CIN 3)

Исто така наречена carcinoma in situ. Заболените клетки ја зафаќаат цела слузница на грлото на матката се до базалната мембрана, но таа останува здрава.
Carcinoma in situ буквално значи “карцином во место” и неопходно е ИТНО ЛЕКУВАЊЕ!!!
Кај сите стадиуми на CIN и Carcinoma in situ промените се случуваат над базалната мембрана на слузницата на грлото на матката.

Кај инвазивен карцином, покрај целата дебелина на слузницата на грлото на матката, заболените клетки ја пробиваат и базалната мембрана. Лекувањето на оваа состојба е комплетно различно од лекувањето на CIN промените и carcinoma in situ и многу често е неопходен радикален хируршки третман.

Како се дијагостицира?

HPV и CIN промените се откриваат со Пап тест. Меѓутоа пап тестот е само скрининг метода, така да конечната дијагноза се поствавува со колпоскопија (метода со која се набљудува грлото на матката) и биопсија (безболно земање на многу мали примероци од грлото на матката). Доколку со овие методи се докаже присуство на HPV , пожелно е да се направи и типизација на вирусот, односно да се покаже за кој подтип на вирус станува збор како би се предвидел евентуалниот развиј на заболувањето.

Kако да спречиш HPV инфекција?

Во принцип има два начини за спречување на инфицираност со HPV вирусот:

  1. Апстиненција
  2. Користење презервативи

Симптоми на HPV

Повеќето луѓе кои се заразени со HPV не знаат дека го имаат вирусот. HPV вирусот во 90% од случаите не покажува симптоми. Меѓутоа одредени подтипови на HPV вирусот можат да предизвикаат појава на генитални брадавици кај мажи или жени. Други типови можат да предизвикаат и различни видови на канцер.

HPV и CIN

CIN промените се тесно поврзани со вирусот на HPV, односно HPV вирусот е причинител на CIN промените. Постојат повеќе од 130 подтипови на овој вирус ,поделени во групи според својата агресивност. Носители на групата на високоризични вируси се HPV 16 и HPV 18. Секако, постојат и други високоризични подтипови.

Дали и зошто да се лекува?

Иако CIN не е карцином, може да се равие во него. Дисплазијата од незок степен односно CIN 1 понекогаш може спонтано да се повлече без третман. Во сите западноевропски држави пракса е превентивен третман на HPV промени на грло на матка. Не постои метод со кој би се предвидело која CIN1 промена ќе се повлече а која ќе напредува кон CIN 2 или евентуално карцином. Секако, подтипот на HPV, имуниот систем на организмот,пушењето и други надворешни фактори влијаат на исходот. Поради тоа што вирусот се наоѓа во самите клетки, со нивно отсранување се отстранува и самиот вирус односно не останува понатаму во организмот.

Како се лекува CIN?

Постојат неколку начини на лекување. Кој начин треба да се одбере зависи од стадиумот на промената, возраста на жената, присуство на други гинеколошки проблеми и слично. Искуството на докторот и достапноста на адекватна опрема се од големо значење.

Најчесо користени методи се:

  1. Ласерски третман. Супериорен и најупотребуван начин на лекување на CIN промени.Со тенок ласерски зрак се отстрануваат сите заболени клетки. Предности: краткотрајна и безболна интервенција,најкратко време на заздравување, бидејќи не го отстранува грлото на матката се препорачува кај жени кои се уште не родиле. Процент на успешно лекување над 95%. Недостатоци: скапа опрема
  2. Криотерапија или смрзнување. Со сонда се замрзнува грлото на матката на температура под нула. Оштетените клетки отпаѓаат преку обилна секреција наредните 30-45 дена. Предности: лесна метода. Недостатоци: повеќе третмани,обилна секрација
  3. Loop ексцизија. Со тенка жичена јамка под дејство на електрична енергија се отстранува дел од грлото на матката. Предности: Методата истовремено е и дијагностичка и терапевтска.Недостатоци: Ограничена употребливост
  4. Конизација. Како што кажува и самото име конизација е отсранување на дел од грлото на матката во форма на конус. Операцијата се изведува под општа анестезија. Предности: се користи и за лекување на carcinoma in situ. Недостатоци: поголем процент на компликации,можност за компликации при бременост поради скратување на грлото на матката
  5. Хистеректомија. Оперативно отстранување на целата матка. Методата се употребува при високи стадиуми на заболувањето.

Дали се потребни контроли после третманот?

ДА!!! Поради можноста од повторување на промените, апсолутно се потребни контроли после третманот. Обично се потребни пап тестови на секои 3 месеци во првата година, потоа на секои 6 месеци.

Дали и партнерот треба да се лекува?

HPV е сексуално преносливо заболување. И кај партнерот треба да се провери присуство на HPV. Со едноставно премачкување на пенисот со раствор на оцетна киселина можат да се откријат сите евентуални промени кај партнерот.

Сјајни совети за тоа како да се ублажат менструалните симптоми

Истражувањето покажало дека само околу 25% од жените со симптоми поврзани со менструалниот циклус побарале третман. Останатите 75% не бараат помош поради тоа. Немојте вие да бидете една од нив.
Неколку наши совети како би се решиле од тие симптоми и тегоби:

  • Пробајте поубаво да го совладате стресот (јога или слични часови за опуштање)
  • Редовни физички вежби-вежби најмалку 3 пати неделно со што би се зголемил ендорфинот
  • Одмарање и квалитетно спиење
  • Здрава исхрана,храна богата со протеини
  • Намалување на кофеин,цигари и алкохол особено во пременструална фаза.

Консултирајте се со својот гинеколог за додатоци во исхраната како што се витамин Б6, витамин Е, калциум, магнезиум, таблети за болки или хормони.

Како да спречите почеток на инфекција со Candida?

Во 1 литар вода растворете 3-4 супени лажици јаболков оцет. Со растворот се прави тоалета на гениталните орагани во период од неколку дена. Постапката ќе ви помогне за превенција од candida инфекција и спречување веќе постоечката мала инфекција да премине во посериозна.

Дали сум бремена?

Ќе ви наброиме неколку симптоми што можат да Ви помогнат да ја решите дилемата оклолу тоа дали сте бремена или не:

  • изостанок на менструација три и повеќе дена
  • светло црвено оскудно прокрварување познато како имплантационо крварење ( кога оплодената јаце клетка се вгнездува во лигавицата на матката)
  • отечени, напрегнати и болно осетливи гради
  • зголемена потреба од одење по мала нужда
  • чувство на умор
  • дискомфорт во областа на јајниците

Ако ги имате овие симптоми или барем првите три, може слободно да одите до најблиската аптека и да си купите тест за бременост или пак посетете го вашиот гинеколог.

Бременост и Вашите килограми!

Колку килограми е нормално да качите во тек на бременоста?
Колку и да сакате, нема како да се поправите само онолку колку што тежи бебето. Подгответе се за цифри меѓу 11-14 кг, а ако носите близначиња 18-20 кг.
Најбавно е качувањето на килограми во првите месеци, во првиот триместар ќе се поправите едвај 2-3 кг, потоа следи покачување на телесната маса со 1-2 кг на месец, а во последниот триместар околу 3-4 кг на месец.

Бременоста во цифри:

  • бебето 3-3,5 кг
  • плацентата 0,7- 1 кг
  • околуплодова вода 0,8 кг
  • матка 0,9 кг
  • дополнителна количина на крв 1,2 кг
  • дополнителна количина на течности 1,2 кг
  • масно ткиво 4 кг

Доволно е да се храните правилно, да се движите за да немате проблеми со килограмите и да не влезете во категоријата наднормена тежина. Важно е да не се поддавате на суетата и да се подлагате на диети бидејќи истите ќе имаат негативен ефект врз вашето здравје и врз здравјето на бебето.

10 чекори за здрава бременост

  1. Овошјето и зеленчукот нека бидат најмалку 50% од Вашата дневна диета.
  2. Читајте ги состојките на храната што ја купувате. Избегнувајте продукти со повеќе од пет состојки или такви што содржат конзерванси – Вашето бебе нема потреба од нив.
  3. Движете се секој ден – секојдневни прошетки или јога се многу полезни за Вас
  4. Избегнувајте тешки и мрсни меса – јадете пилешко, телешко, риба
  5. Консумирајте вода, а воедно избегнувајте слатки чаеви, алкохол. Ако едноставно имате потреба од ароматен напитoк ние имаме еден предлог за вас – во чаша  од 200 мл ставете 1/5 свежо исцеден сок од портокал и додатете вода.
  6. Заменето го лебот, пастата, чипсот, крекерите со продукти што содржат фибри – тие ќе му помогнат на вашиот метаболизам.
  7. Заборавете на цигарите – јаглеродниот моноксид што го вдишувате ја преминува лесно плацентарната бариера и директно оди во крвта на вашето бебе.
  8. Јадете почесто, но помали порции – така ќе ги избегнете симптомите на мачнина, гадење, повраќање.
  9. Внимавајте со кафето – големите дози на кофеин водат до вазоконстрикција (стеснување на крвните садови), а тоа води до нарушена циркулација во плацентата.
  10. Не земајте лекови во текот на бременоста, освен ако не се препишани од вашиот лекар.

Тест за бременост

Постојат повеќе начини за поставување дијагноза на бременост:

  1. Брз тест за бременост

Mетод со кој во домашни услови преку брз тест можете да дознаете дали сте бремена или не, со напомена дека кај овие тестови секогаш постои опција за лажно позитивен или лажно негативен резултат.

Функционираат на принципот на детекциија на Beta HCG (human chorionic gonadotropin) во урина. Зголемено HCG значи позитивен резултат. Обично се прават при првото уринирање, наутро бидејки концентрацијата на HCG хормонот е најголема наутро, па најлесно може да се детектира.

Колку порано го правите тестот, толку е поверојатно да добиете грешен негативен резултат, т.е. тестот да покаже дека не сте бремена кога всушност сте.

Во врска со времето кога треба да се направи односно кога најрано може да се докаже бременост со брзиот тест се смета дека треба да помине најмаку една седмица од доцнење на менстрауалниот циклус.

  1. Beta HCG

Процедурата за тест за бременост преку крв е далку поточна и посигурна метода од брзиот тест. Оваа процедура се изведува во лабораторија и функционира исто на принципот на детeкција на HCG хормонот. Доколку има концентација на количество над референтните вредности тогаш се работи за бременост.

  1. Ехо

Најсигурен начин за утврдување на бременост е ехо дијагностиката. Со ехо апаратот преку специјална сонда поврзана со монитор се утврдува бременост. Бременоста може и самите да ја видите на монитор на кој исто се гледа ембрионот и неговиот понатамошен напредок.

Синдром на полицистични јајници

PCOS или таканаречен синдром на полицистични јајници е одговорен за абнормалното функционирање на Вашите јајници и изостанок на редовен менструален циклус.

Проблем каде што има појава на дисбаланс на женските полови хормони.

Симптомите на Polycystic Ovary Syndrome не се лесни за препознавање до пубертетот,кога меструалните циклуси започнуваат бидејќи промените во хормоните започнуваат во периодот кога се добива менструален циклус.

Има повеке симптоми кои се специфични за PCO синдромот:

  • зголемена влакнетост на телото и лицето
  • потемнување на кожата на некои делови од телото
  • проблем со здебелување
  • нерегуларни менстраулни циклуси(поретка овулација или изостанок на овулација)
  • полицистични јајници
  • вагинални инфекции
  • дисбаланс во хормони
  • Акни
  • Депресија

Потребен е третман за контрола на симптомите поради спречување на долгорочни проблеми.

Симптоми на овулација

Моментот кога јајната клетка е зрела, пука и излегува од фоликулот, па се движи кон јајцеводите е период на овулација. Вообичаено жената има 28 дневен менструален циклус, но може да варира помеѓу различни жени, во некои случаи периодот на циклусот може да биде до 35 дена.

14тиот ден пред добивање на менстрауација е денот на овулација, односно таканаречениот најплоден ден. Следствено на тоа, за плодни денови се сметаат од 12 до 16 ден од циклус односно 2 дена пред и потоа од денот на овулација (бидејќи сперматозоидите можат да преживеат во вагина до 48 часа).

Периодот на овулација е поврзан со одредени симптоми по кои многу припаднички на женскиот пол без да водат календар знаат дека се во фаза на овулација.

Некои од тие симптоми се следните :

  • Потемна боја на вагина,
  • Покачена базална температура,
  • Појава на акни,
  • Болка во градите
  • Чувство на потеченост на телото
  • Нервоза

Подготовка за бременост

Доколку сте во процес на планирање на бременост, неколку стручни совети од нашиот тим на доктори околу факторите кои се одговорни за поздрава бремност.

Кога сте подготвени за бременост треба да преземете неколку важни мерки кои би придонеле за поздрава бременост.

Тие мерки се следниве:

  1. Распрашајте се дали во вашата фамилија постои генетско наследна болест која би можела да наштети на плодот. Никогаш не значи дека со сигурност ќе се пренесе меѓутоа ќе треба бременсоста да се води попретпазливо со почести контроли кај гинеколог.
  2. Доколку пиете контрацептивни пилули а сакате да останете бремена, престанете со земање и исконсултирајте се со гинеколог.
  3. Пресметајте денови на оволуција односно плодни денови. Можете да ги пресметате вашите плодни денови и на нашиот веб сајт во делот Ovulation calendar.
  4. Двајцата партнери направете испитувања, во смислол бактерии вируси и слично.
  5. Алкохолот и пушењето заземаат процент на намалување на шансите за забременување. Пробајте да ги отстарните од вашиот начин на живот тој период.
  6. Стресот е исто одговорен за лоши ефекти при обид за забременување.
    Опуштете се , не дозволувајте да имате стрес и бидете со позитивни мисли.

Доколку подолго време имате проблеми, односно неможете да забремените, задолжителна консултација со гинеколог.

Менструален циклус

Период на наормален менструален циклус е 28 дена. Но, во некои случаи, кај одредени жени тој период може да е продолжен и да биде подолг или пократок.

Факт е дека мнозинството жени имаат нередовен меструален циклус. Прв ден од вашиот менструален циклус е денот кога добивате менструација. Целиот менструален циклус започнува со созревање на јајната клетка, внатре во јајникот. Моментот на прскање на зрелата јајна клетка од фоликулот и исфрлање во јајцеводите е моментот на на овулација.

14-тиот ден пред добивање на менстрауација е денот на овулација , односно таканаречениот најплоден ден. Следствено на тоа ,за плодни денови се сметаат од 12 до 16 ден од циклус односно 2 дена пред и потоа од денот на овулација (бидејќи сперматозоидите можат да преживеат во вагина до 48 часа).

Има повеќе начини за одредување на денот на овулација. Едни од повеќето начини се следниве:
Мерење на базална температура, која е зголемена во фаза на овулација

Водете си калeндар.

Напомена:
Многу битно за сметањето на овулација, односно плодни денови е да имате редовно точни менструации, бидејќи доколку имате нередовни менструации од било која причина (пореметување во хормонален статус, цисти) нема да можете точно да пресметате кога се Вашите плодни денови.

Антибиограм на семен материјал

Антибиограм на семен материјал е анализа на истиот од аспект на полово преносливи бактерии. Микробиолошко испитување со осетливост на антибиотици.

Во нашата ординација се вршат испитувања за следните бактерии:

Бактерија која живее на епителијалните клетки инфицирајќи ги мукозните мембрани на уретрата, анусот и поретко, грлото.

Се пренесува со вагинален, анален секс и веројатно орален секс. Може да се пренесе и мануелно (со рака) при допир на анус или гениталии кои се инфицирани.

Најчесто е асимптоматска, т.е без симптоми иако и тогаш е заразна. Доколку се јават, симптомите обично се забележливи по 1 до 3 недели од инфекцијата. Мажите најчесто чуствуваат болка и пецкање при мокрење, уретритис и појава на секрет. Доколку не биде успешно третирана во рана фаза, инфекцијата може да предизвика простатитис(воспаление на простата) или епидидмитис( воспаление на тестиси). Може да води и кон инфертилитет ако остане нелекувана долг период.

Бактерија која се јавува природно, дури и како дел од нормалната флора кај мажите и жените. Се јавува кај 70% од сексуално активните луѓе. Поради тоа не се смета за класично сексуално пренослива инфекција, иако може да биде пренесена преку сексуален акт. Во некои случаи може да биде пренесена и преку допир со секрет од нос или очи на инфицирана личност бидејќи се пренесува и преку плунка и крв.

Најчесто е асимптоматска, т.е без симптоми и поради тоа, според медицински студии, важно е да се тестира за ова инфекција на годишно ниво. Доколку се почуствуваат симптоми, тие вклучуваат болка во долниот регион на стомакот, болки при мокрење, невообичаен секрет и крварење од уретрата. Обично инфекцијата се открива кога се јавуваат симптоми од други состојби, како што се уретритис (воспаление на уретра), епидидмитис (воспаление на тестисите), црвенило и воспаление на гениталиите со или без секрет.

Доколку не се третира, инфекцијата може да предизвика инфертилитет, неспецифичен уретритис, пневмониа, менингит. Може да се прошири и на другите делови од телото и да предизвика оштетување на зглобовите, нервите и мускулите. Кај жените (партнерката) освен горенаведеноте состојби, при бременост може да предизвика и предвремено раѓање, па дури и смрт на плодот.

Меѓутоа, поради неговата честота и ниска патогеност, поврзаноста на овој микроорганизам со наведените сериозни состојби останува дискутабилна.

  • Chlamydia trachomatis

Бактерија која предизвикува една од најчестите полово преносливи инфекции. Може да се пренесе преку вагинален, анален, орален секс, но и од инфицирана мајка на дете при вагинално раѓање.
Околу половина од мажите со хламидија нема да забележат никакви симптоми. Доколку се јават симптоми, тие вклучуваат болка при мокрење, секрет од врвот на пенисот (бел или со налик на вода) и болка во тестисите. Некои мажи имаат благи симптоми кои исчезнуваат за два до три дена. Но, иако симптомите може да исчезнат, инфекцијата останува и се пренесува. Ако не се третира соодветно, може да предизвика орхитис (отоци на тестисите), реактивен артритис (воспаление на зглобовите) и инфертилност.

Компликации кои може да се јават од оваа инфекција се и уретритис и епидидмитис. Уретритисот е воспаление на уретрата (уринарната цевка) која се протега во пенисот. Симптомите се бел, заматен секрет од врвот на пенисот, болки и пецкање при мокрење, потреба за често мокрење, иритација и осетливост околу врвот на пенисот. Најчести симптоми на епидидмитис се отоци и осетливост во епидидимусот, т.е делот од машкиот репродуктивен систем кој ја спроведува спермата од тестисите. Ако се прошири и на тестисте, тогаш оваа состојба се нарекува епидидмо-орхитис. Инфекцијата во овој регион предизвикува воспаление, отоки осетливост во скротумот (вреќата на тестисите). Некои мажи можат да забележат и општо црвенило и осетливост на скротумот. Инфекцијата може да води до насобирање на течност во регионот. Ако не се третира, може да предизвика стерилитет, во ретки случаи и во краток период како што е 6-8 недели од инфекцијата.

Оваа бактерија може да го инфицира и ректумот, очите и грлото при незаштитен анален и орален секс. Инфекцијата на ректумот предизвикува непријатност, болка, крварење и секрет. Ако инфицирана семена или вагинална течност дојде во контакт со очите, може да се развие иритација, болка и секрет сличен на оној при конјуктивит. Инфекциите на грлото се поретки и обично не предизвикуваат симптоми.