Category: Услуги

Услуги кои ги нуди Гинекомедика

IMSI – интацитоплазматско инјектирање на морфолошки селектиран сперматозоид

Претставува варијација на ICSI, но со таа разлика што при IMSI  со помош на специјален микроскоп, на големо зголемување ембриологот ги анализира сите структури на сперматозоидот, вклучително и јадрото каде се наоѓа генетскиот материјал и на тој начин го одбира структурно најздравиот.

Има студии кои покажуваат дека користењето на IMSI го зголемува процентот на успешни бремeности.

IVF – ICSI (ин витро фертилизација)

Ин витро фертилизацијата е лабораториска техника која овозможува јајце клетките да бидат оплодени од сперматозоиди надвор од човечкото тело.
Ин витро фертилизацијата вклучува и техника која е позната како интрацитоплазматско инјектирање на сперматозоид или Intracytoplasmic Sperm Injection (ICSI).

Оваа релативно нова техника овозможи голем напредок во третирањето на проблемите кај намалената плодност кај мажот (машкиот инфертилитет). Техниката опфаќа оплодување со микро инјектирање на сперматозоид во јајце клетката.

При користење на ICSI техниката, потребен е само еден сперматозоид за една јајце клетка. Оплодената јајце клетка претставува зигот од кој се развива ембрион кој се внесува во матката на жената каде што продолжува да се развива.

Во зависност од вашата потреба, ние може да ви понудиме неколку опции:

  • Ин витро фертилизација со сопствени клетки од партнерите (јајце клетки од жената и сперматозоиди од мажот)
  • Ин витро фертилизација со сопствени јајце клетки и сперма од донор
  • Ин витро фертилизација со јајце клетки од донор и сперма од партнерот
  • Ин витро фертилизација со јајце клетки од донор и сперма од донор

Хистеросалпингографија

Метода при која со помош на специјален катетар се внесува контрастна материја во шуплината на матката, а потоа се прави рентген снимка. Контрастната материја освен шуплината на матката, ги исполнува и јајцеводите. Доколку постои запушување на јацеводите, септум ( преграда) на матката или било каква анатомска аномалија тоа ќе се покаже на самата снимка.

Ова испитување е задолжително кај пациентки на кои им претстои инсеминација.

Хименопластика

НОВ ПОЧЕТОК

Иако времињата се променија, се чини дека невиноста сеуште има високи вредности.

Потребата за реконструкција на хименот е од различни лични причини, вклучувајки религиозни и културни норми.

Хименопластика претставува хируршка реконструкција на химен (мембрана која делумно го затвора влезот на вагината). Во некои култури и религии, недопрениот химен е традиционален индикатор на честа, знак на невиност.

Како причина за оштетување на хименот, освен сексуалните односи  може да бидат и екстремни вежби и користењето на тампони.

Најчести прашања :

  1. Дали хименопластиката е болна?
    • Самата интервенцијата се изведува со помош на локална или општа анестезија и не е болна.
    • По истекот на дејството на анестетикот, некои пациенти може да чувствуваат блага вкочанетост во вагиналниот предел што е очекувано неколку часа после интервенцијата, поради дејството на анестезијата.
  1. Колку време трае интервенцијата?
    • Интервенцијата трае околу 30-45 мин.
  1. Дали хименопластиката е безбедна?
    • Хименопластиката е безбедна процедура, многу ретко може да биде проследена со некои несакани ефекти. Како и секоја друга хируршка интервенција и тука постои мал ризик од инфекција и пролонгирано крварење, како и несакани ефекти од анестетикот. Во секој случај компликациите се многу ретки.
  1. Дали после хируршката интервенција треба да се прима одредена терапија?
    • После интервенцијата се препорачува антибиотик како превентива од инфекции и аналгетик по потреба.
  1. Дали и колку контроли се потребни после интервенцијата?
    • Се препорачува една контрола, една до две седмици после интервенција.
  1. После колку време треба да се отстранат конците?
    • Се користат конци од природно потекло кои се раствораат во телото и нема потреба од отстранување на конците.
  1. Кога може да имам сексуални односи?
    • Во зависност од техниката на реконструкција на хименот, со сексуални односи може да се започне веќе два дена по интервенцијата (кај химеопластика со краткок рок), односно четири до шест недели  после хируршката интервенција, (трајна хименопластика).
    • И во двата случаи, хименот ќе биде целосно реконструиран и возобновен. При првиот сексуален однос после хируршката интервенција доаѓа до пукање и крварење од хименот, исто како кај природен химен.
  1. Која е цената на оваа интервенција?
    • Хируршката реконструкција чини 500-650 евра во што се вклучени прегледот, сите пред-оперативни подготовки, анестезијата и хируршката интервенција.

ТЕСЕ – сепарација на сперма

TESE е процедура што се користи кај мажи со опструктивна или неопструктивна азооспермија т.е. кај мажи кои немаат сперматозоиди во нивниот ејакулат.
Оваа процедура се изведува под локална анестезија при што се колектираат сперматозоиди директно од тестикуларното ткиво. Бидејќи количината на добиените сперматозоиди е мала оваа техника скоро секогаш се комбинира со ICSI – инрацитоплазматска спермална инјекција.

Скрининг за Down syndrom

Down syndrom е пореметување на плодот кое настанува како резултат на хромозомска промена. Има промена во хромозомот бр 21 односно негова тризомија,што значи дека ако нормално поставеноста на хромозомите би била XX или XY овде имаме 47,XX,+21 или 47,XY,+21.

Скрининг за Down syndrom е испитување кое се прави во 12-14 недела од бременоста. Врз основа на повеќе скрининг маркери се проценува дали постои ризик детето да се роди со Даунов синдром.

Ехо диjагностика

Eхо дијагностиката е всушност воспоставување дијагноза со помош на ехо апарат.Со помош на ехо апаратот  се дијагностицираат промени во морфологијата на гениталните органи, се воспоставува дијагноза на бременост, следење на бременост и слично.

П.З.У ГИНЕКОМЕДИКА располага со најнов 4D HIGH DEFINITION ULTRASOUND ехо апарат, единствен од таков вид на територијата на Република Македонија и нуди врвен квалитет на работа со него од страна на високоспецијализиран, професионален, стручен кадар.

Доколку сте идни родители, нетрпеливи да го видите вашето бебе, сега кај нас можете во жива 4D видео снимка да ги видите сите негови движења. Од првите движења на вашето бебе ,вртење, слушање на неговото срце дури до најситни гримаси што тоа ги прави.

Одличен начин за идните родители да се запознаат со нивното бебе пред породувањето.

4D снмката во суштина е видео кое содржи 3D ехо слики плус додавање на четвртата димензија односно времето.

КАKО ДО ЗДРАВО БЕБЕ СО ПОМОШ НА 4Д АПАРАТОТ

На 3D/4D ехо апаратот се изведуваат многу прегледи и методи со кои можете да видите како напредува вашето сеуште неродено бебе внатре во матката.

Една од многу важните скрининг методи е ултразучниот или ехо скрининг ,затоа што е брза и неинвазивна метода а дава многу информации за плодот и бременоста .

Од 11 до 13,5 недела се прави скрининг за Down sindrom.Тој се прави со откривање на генетските маркери за тој синдром, а може и со биохемиски маркери, оддвоени или заедно со ехо маркерите кога е за нешто повисока прогностичката вредност.

Од 18 до 21 недела се прави генетски сонограм на основа на 16 генетски маркери.Оваа метода е со висока прогностичка вредност.Нормален наод е ако во ниеден маркер нема отстапување од нормалата. Ако има макар и во еден,со помош на софтвер се пресметува колкав е ризикот по плодот и според тоа се одлучува дали е потребна генетска амниоцентеза или не.

Генетски сонограм

Генетски сонограм е испитување кое се прави кај трудниците од 18 до 23 седмица на бременоста. Се гледа плодот и се откриваат евентуални аномалии. Се испитуваат 16 ехо маркери за рано откривање фетални дефекти и има висока прогностичка вредност. Не смее да има отстапување од нормалата во ниеден маркер, а доколку тоа се случи бремената жена се упатува на дијагностички постапки.

HPV / CIN

HPV е најчестата сексуално пренослива вирусна инфекција во светот денеска. HPV вирусот е причинител на CIN промените, кои можат, но не мора да значи, да поминат во цервикален карцином . Сепак факт е дека цервикалниот карцином е втор по зачестеност кај женската популација после карцином на дојка.

Информациите што следат ќе ви помогнат подобро да ја разберете оваа состојба со сите нејзини карактеристики и можности за лекување:

  • Што е CIN?
  • Како се дијагностицира?
  • Како да спречиш HPV инфекција?
  • Симптоми на HPV
  • HPV и CIN
  • Дали и зошто да се лекува?
  • Како се лекува CIN
  • Дали се потребни контроли после третманот?
  • Дали и партнерот треба да се лекува?

Што е CIN

Cervikalna intraepitellijarna neoplazija. Терминот neo означува нешто ново додека терминот plazija значи раст. Цервикалната инраепителијарна неоплазија означува абнормален раст на цервикалните клетки, а се нарекува уште и цервикална дисплазија.

CIN не е карцином!

Класифициран е во 3 степени: CIN 1(дисплазија од низок степен), CIN 2(дисплазија од среден степен) и CIN 3(дисплазија од висок степен).
Ова заболување припаѓа на групата сексуално преносливи болести или STD(Sexually Transmitted Diseases)а го причинуваат одредени подтипови на генителен вирус наречен Human papiloma virus или HPV. Појавата на заболувањето ја фаворизираат дополнителни егзогени фактори како пушење цигари, недостаток на фолна киселина во исхраната. Заболуваат најчесто девојки на возраст од 25-35 години но не е поштедена ни останатата популација.
Надворешниот дел на грлото на матката и вагината се препокриени со повеке слоеви на клетки наречени плочести клетки или плочест епител. Нормално, на дното на овие слоеви се наоѓаат млади, овални клетки. Како клетките созреваат се искачуваат во погорните слоеви на слузницата и стануваат плочести. Ваквите слоеви на клетки се одвоени од подлабоките структури со таканаречена базална мембрана која има исклучителна важност при одредување на степенот на промената.

Дисплазија од низок степен (CIN1)

Променети се само мал број на клетки во најдолната третина од слузницата. Овој степен на дисплазија може во одредени случаи и спонтано да се повлече. Меѓутоа многу студии фаворизираат лекување на овој степен сакајќи да се спречи евентуалното напредување на заболувањето.

Дисплазија од среден степен (CIN 2)

Заболените клетки зафаќаат повеќе од половина од слузницата на грлото на матката.
Неопходен е третман за лечење!!!

Дисплазија од висок степен (CIN 3)

Исто така наречена carcinoma in situ. Заболените клетки ја зафаќаат цела слузница на грлото на матката се до базалната мембрана, но таа останува здрава.
Carcinoma in situ буквално значи “карцином во место” и неопходно е ИТНО ЛЕКУВАЊЕ!!!
Кај сите стадиуми на CIN и Carcinoma in situ промените се случуваат над базалната мембрана на слузницата на грлото на матката.

Кај инвазивен карцином, покрај целата дебелина на слузницата на грлото на матката, заболените клетки ја пробиваат и базалната мембрана. Лекувањето на оваа состојба е комплетно различно од лекувањето на CIN промените и carcinoma in situ и многу често е неопходен радикален хируршки третман.

Како се дијагостицира?

HPV и CIN промените се откриваат со Пап тест. Меѓутоа пап тестот е само скрининг метода, така да конечната дијагноза се поствавува со колпоскопија (метода со која се набљудува грлото на матката) и биопсија (безболно земање на многу мали примероци од грлото на матката). Доколку со овие методи се докаже присуство на HPV , пожелно е да се направи и типизација на вирусот, односно да се покаже за кој подтип на вирус станува збор како би се предвидел евентуалниот развиј на заболувањето.

Kако да спречиш HPV инфекција?

Во принцип има два начини за спречување на инфицираност со HPV вирусот:

  1. Апстиненција
  2. Користење презервативи

Симптоми на HPV

Повеќето луѓе кои се заразени со HPV не знаат дека го имаат вирусот. HPV вирусот во 90% од случаите не покажува симптоми. Меѓутоа одредени подтипови на HPV вирусот можат да предизвикаат појава на генитални брадавици кај мажи или жени. Други типови можат да предизвикаат и различни видови на канцер.

HPV и CIN

CIN промените се тесно поврзани со вирусот на HPV, односно HPV вирусот е причинител на CIN промените. Постојат повеќе од 130 подтипови на овој вирус ,поделени во групи според својата агресивност. Носители на групата на високоризични вируси се HPV 16 и HPV 18. Секако, постојат и други високоризични подтипови.

Дали и зошто да се лекува?

Иако CIN не е карцином, може да се равие во него. Дисплазијата од незок степен односно CIN 1 понекогаш може спонтано да се повлече без третман. Во сите западноевропски држави пракса е превентивен третман на HPV промени на грло на матка. Не постои метод со кој би се предвидело која CIN1 промена ќе се повлече а која ќе напредува кон CIN 2 или евентуално карцином. Секако, подтипот на HPV, имуниот систем на организмот,пушењето и други надворешни фактори влијаат на исходот. Поради тоа што вирусот се наоѓа во самите клетки, со нивно отсранување се отстранува и самиот вирус односно не останува понатаму во организмот.

Како се лекува CIN?

Постојат неколку начини на лекување. Кој начин треба да се одбере зависи од стадиумот на промената, возраста на жената, присуство на други гинеколошки проблеми и слично. Искуството на докторот и достапноста на адекватна опрема се од големо значење.

Најчесо користени методи се:

  1. Ласерски третман. Супериорен и најупотребуван начин на лекување на CIN промени.Со тенок ласерски зрак се отстрануваат сите заболени клетки. Предности: краткотрајна и безболна интервенција,најкратко време на заздравување, бидејќи не го отстранува грлото на матката се препорачува кај жени кои се уште не родиле. Процент на успешно лекување над 95%. Недостатоци: скапа опрема
  2. Криотерапија или смрзнување. Со сонда се замрзнува грлото на матката на температура под нула. Оштетените клетки отпаѓаат преку обилна секреција наредните 30-45 дена. Предности: лесна метода. Недостатоци: повеќе третмани,обилна секрација
  3. Loop ексцизија. Со тенка жичена јамка под дејство на електрична енергија се отстранува дел од грлото на матката. Предности: Методата истовремено е и дијагностичка и терапевтска.Недостатоци: Ограничена употребливост
  4. Конизација. Како што кажува и самото име конизација е отсранување на дел од грлото на матката во форма на конус. Операцијата се изведува под општа анестезија. Предности: се користи и за лекување на carcinoma in situ. Недостатоци: поголем процент на компликации,можност за компликации при бременост поради скратување на грлото на матката
  5. Хистеректомија. Оперативно отстранување на целата матка. Методата се употребува при високи стадиуми на заболувањето.

Дали се потребни контроли после третманот?

ДА!!! Поради можноста од повторување на промените, апсолутно се потребни контроли после третманот. Обично се потребни пап тестови на секои 3 месеци во првата година, потоа на секои 6 месеци.

Дали и партнерот треба да се лекува?

HPV е сексуално преносливо заболување. И кај партнерот треба да се провери присуство на HPV. Со едноставно премачкување на пенисот со раствор на оцетна киселина можат да се откријат сите евентуални промени кај партнерот.

3D / 4D

П.З.У ГИНЕКОМЕДИКА располага со најнов 4D HIGH DEFINITION ULTRASOUND ехо апарат, единствен од таков вид на територијата на Република Македонија и нуди врвен квалитет на работа со него од страна на високоспецијализиран, професионален, стручен кадар.

Доколку сте идни родители, нетрпеливи да го видите вашето бебе, сега кај нас можете во жива 4D видео снимка да ги видите сите негови движења. Од првите движења на вашето бебе ,вртење, слушање на неговото срце дури до најситни гримаси што тоа ги прави.

Одличен начин за идните родители да се запознаат со нивното бебе пред породувањето.

4D снмката во суштина е видео кое содржи 3D ехо слики плус додавање на четвртата димензија односно времето.

КАKО ДО ЗДРАВО БЕБЕ СО ПОМОШ НА 4Д АПАРАТОТ

На 3d/4D ехо апаратот се изведуваат многу прегледи и методи со кои можете да видите како напредува вашето сеуште неродено бебе внатре во матката.

Една од многу важните скрининг методи е ултразучниот или ехо скрининг ,затоа што е брза и неинвазивна метода а дава многу информации за плодот и бременоста .Од 11 до 13,5 недела се прави скрининг за Down sindrom.Тој се прави со откривање на генетските маркери за тој синдром, а може и со биохемиски маркери, оддвоени или заедно со ехо маркерите кога е за нешто повисока прогностичката вредност.

Од 18 до 21 недела се прави генетски сонограм на основа на 16 генетски маркери.Оваа метода е со висока прогностичка вредност.Нормален наод е ако во ниеден маркер нема отстапување од нормалата. Ако има макар и во еден,со помош на софтвер се пресметува колкав е ризикот по плодот и според тоа се одлучува дали е потребна генетска амниоцентеза или не.

ЦИН – CIN (Цервикална Интраепителијарна Неоплазија)

HPV вирусот е причинител на CIN промените, кои можат, но не мора да значи, да поминат во цервикален карцином . Сепак факт е дека цервикалниот карцином е втор по зачестеност кај женската популација после карцином на дојка.

Информациите што следат ќе ви помогнат подобро да ја разберете оваа состојба со сите нејзини карактеристики и можности за лекување:

  • Што е CIN?
  • Како се дијагностицира?
  • Како да спречиш HPV инфекција?
  • Симптоми на HPV
  • HPV и CIN
  • Дали и зошто да се лекува?
  • Како се лекува CIN
  • Дали се потребни контроли после третманот?
  • Дали и партнерот треба да се лекува?

Што е CIN
Cervikalna intraepitellijarna neoplazija. Терминот neo означува нешто ново додека терминот plazija значи раст. Цервикалната инраепителијарна неоплазија означува абнормален раст на цервикалните клетки, а се нарекува уште и цервикална дисплазија.

CIN не е карцином!
Класифициран е во 3 степени: CIN 1(дисплазија од низок степен), CIN 2(дисплазија од среден степен) и CIN 3(дисплазија од висок степен).

Ова заболување припаѓа на групата сексуално преносливи болести или STD (Sexually Transmitted Diseases) а го причинуваат одредени подтипови на генителен вирус наречен Human papiloma virus или HPV. 

Појавата на заболувањето  ја фаворизираат дополнителни егзогени фактори како пушење цигари , недостаток на фолна киселина во исхраната. Заболуваат најчесто девојки на возраст од 25-35 години но не е поштедена ни останатата популација.

Како се дијагостицира?

HPV и CIN  промените се откриваат со Пап тест. Меѓутоа пап тестот е само скрининг метода, така да конечната дијагноза се поствавува со колпоскопија (метода со која се набљудува грлото на матката) и биопсија (безболно земање на многу мали примероци од грлото на матката). Доколку со овие методи се докаже присуство на HPV , пожелно е да се направи и типизација на вирусот, односно да се покаже за кој подтип на вирус станува збор како би се предвидел евентуалниот развиј на заболувањето.

Kако да спречиш HPV инфекција?

Во принцип има два начини за спречување на инфицираност со HPV вирусот:

  1. Апстиненција
  2. Користење  презервативи

Симптоми на HPV

Повеќето луѓе кои се заразени со HPV не знаат дека го имаат вирусот. HPV вирусот во 90% од случаите не покажува симптоми. Меѓутоа одредени подтипови на HPV вирусот можат да предизвикаат појава на  генитални брадавици кај мажи или жени. Други типови можат да предизвикаат и различни видови на канцер.

HPV и CIN

CIN промените се тесно поврзани со вирусот на HPV, односно HPV вирусот е причинител на CIN промените. Постојат повеќе од 130 подтипови на овој вирус ,поделени во групи според својата агресивност. Носители на групата на високоризични вируси се HPV 16 и HPV 18. Секако, постојат и други високоризични подтипови.

Дали и зошто да се лекува?

Иако CIN не е карцином, може да се равие во него. Дисплазијата од незок степен односно CIN 1 понекогаш може спонтано да се повлече без третман. Во сите западноевропски држави пракса е превентивен третман на HPV промени на грло на матка. Не постои метод со кој би се предвидело која  CIN1 промена ќе се повлече а која ќе напредува кон CIN 2 или евентуално карцином. Секако, подтипот на HPV, имуниот систем на организмот,пушењето и други надворешни фактори влијаат на исходот. Поради тоа што вирусот се наоѓа во самите клетки, со нивно отсранување се отстранува и самиот вирус односно не останува понатаму во организмот.

Како се лекува CIN?

Постојат неколку начини на лекување. Кој начин треба да се одбере зависи од стадиумот на промената, возраста на жената, присуство на други гинеколошки проблеми и слично. Искуството на докторот и достапноста на адекватна опрема се од големо значење.

Најчесо користени методи се:

  1. Ласерски третман. Супериорен и најупотребуван начин на лекување на CIN промени.Со тенок ласерски зрак се отстрануваат сите заболени клетки. Предности: краткотрајна и безболна интервенција,најкратко време на заздравување, бидејќи не го отстранува грлото на матката се препорачува кај жени кои се уште не родиле. Процент на успешно лекување над 95%. Недостатоци: скапа опрема
  2. Криотерапија или смрзнување. Со сонда се замрзнува грлото на матката на температура под нула. Оштетените клетки отпаѓаат преку обилна секреција наредните 30-45 дена.Предности: лесна метода. Недостатоци: повеќе третмани,обилна секрација
  3. Loop ексцизија. Со тенка жичена јамка под дејство на електрична енергија се отстранува дел од грлото на матката. Предности: Методата истовремено е и дијагностичка и терапевтска. Недостатоци: Ограничена употребливост
  4. Конизација. Како што кажува и самото име конизација е отсранување на дел од грлото на матката во форма на конус. Операцијата се изведува под општа анестезија. Предности: се користи и за лекување на carcinoma in situ. Недостатоци: поголем процент на компликации,можност за компликации при бременост поради скратување на грлото на матката
  5. Хистеректомија. Оперативно отстранување на целата матка. Методата се употребува при високи стадиуми на заболувањето.

Дали се потребни контроли после третманот?

ДА!!! Поради можноста од повторување на промените, апсолутно се потребни контроли после третманот. Обично се потребни пап тестови на секои 3 месеци во првата година, потоа на секои 6 месеци.

Дали и партнерот треба да се лекува?

HPV е сексуално преносливо заболување. И кај партнерот треба да се провери присуство на HPV. Со едноставно премачкување на пенисот со раствор на оцетна киселина можат да се откријат сите евентуални промени кај партнерот.

Уреоплазма

Ureaplasma urealyticum  е бактерија која се јавува природно, дури и како дел од нормалната флора кај мажите и жените. Се јавува кај 70% од сексуално активните луѓе. Поради тоа не се смета за класично сексуално пренослива инфекција, иако може да биде пренесена преку сексуален акт. Во некои случаи може да биде пренесена и преку допир со секрет од нос или очи на инфицирана личност бидејќи се пренесува и преку плунка и крв.

Најчесто е асимптоматска, т.е без симптоми и поради тоа, според медицински студии, важно е да се тестира за оваа бактерија   на годишно ниво. Доколку се почуствуваат симптоми, тие вклучуваат болка во долниот регион на стомакот, болки при мокрење, невообичаен секрет и крварење од уретрата. Обично инфекцијата се открива кога се јавуваат симптоми од други состојби, како што се уретритис (воспаление на уретра), епидидмитис (воспаление на тестисите), црвенило и воспаление на гениталиите со или без секрет.

Доколку не се третира, инфекцијата може да предизвика инфертилитет, неспецифичен уретритис, пневмониа, менингит. Може да се прошири и на другите делови од телото и да предизвика оштетување на зглобовите, нервите и мускулите. Кај жените (партнерката) освен горенаведените состојби, при бременост може да предизвика и предвремено раѓање, па дури и смрт на плодот.

Меѓутоа, поради честото детектирање и ниската патогеност, поврзаноста на овој микроорганизам со наведените сериозни состојби останува дискутабилна.

Спермограм – Испитување на семен материјал

Сведоци сме дека современиот начин на живот ( загадениот воздух, стресот,храната која ја јадеме,алкохолот…) доведува до многу болести и пореметувања во нашиот организам.

Доказ дека сите тие фактори влијаат и на квалитетот на семениот материјал е фактот што машкиот стерилитет споредено со некогаш, сега сè повеќе процентуално расте и скоро се изедначи со женскиот фактор на стерилитет.

Спермограм е резултат од низа анализи на семениот материјал (ејакулат).
Овие анализи даваат информација за способноста на сперматозоидите за оплодување на јајните клетки, нивниот број, изглед и квалитет.

Од извршените анализи на семениот материјал (ејакулатот) добивате информација за следните параметри: изглед, ликвефикација (втечнување), конзистенција, вискозитет, волумен, мотилитет, аглутинација, морфологија на сперматозоиди, концентрација на сперматозоиди, вкупен број на спрематозоиди на ејакулатот, како и фотографии од истите.

Според резултатите и референтните вредности од погоренаведените параметри се воспоставува дијагноза која може да биде една од наведените:

  1. Normozoospermia – нормален ејакулат кој не отстапува од нормалните референтни вредности
  2. Oligozoospermia- намелен вкупен број на сперматозоиди
  3. Asthenozoospermia – намалена подвижност на сперматозоидите
  4. Teratozoospermia-пореметена морфологија на сперматозоидите
  5. Azoospermia – отсуство на сперматозоиди во ејакулатот
  6. Necrospermia- мртви сперматозоиди во ејакулатот
Правилна припрема за спермограм

За да резултатите од спермограмот бидат објективни важно е да апстинирате од ејакулација од 3 до 5 дена. Доколку материјалот го носите од дома , тогаш е потребно да купите стерилна чашка за урина од аптека и материјалот да го донесете во Центарот најкасно за еден час. Чашката да биде завиткана во неколку слоја хартија (поради термичка изолираност) и ставена во ќеса.
Семениот материјал можете да го дадете и во самиот Центар, во специјална просторија применета за таа намена.Во тој случај сите потребни средства ги добивате во нашиот Центар.

И во двата случаи имате право на анонимност.

Закажи термин за спермограм
Работно време 08:30-14:30

Начин на достава на семениот материјал

*начин 1 : Да го донесете лично или да го донирате материјалот во Центарот за ИВФ.
Цена: 2000 денари

*начин 2 : По договор со Вас, материјалот да биде подигнат (од наша служба) од Вашиот дом и резултатите да ги добиете на email, факс или друг начин на комникација кои Вие ќе го одберете.
Цена: 2200 денари

Пап тест

Тест по Папаниколау или попознат како пап-тест се прави со цел рано откривање на промени на грлото на матката, кои можат да доведат до пoјава на карцином, што значи редовно правење на пап тестот е превенција од карцином. Заради превенција се препорачува да се прави на секои 6 месеци. Потполно безболна метода.

Процедурата е следна:

Со стерилна четкица се зама брис од цервикс (грло на матка). Се прави размаска на стакленце кое потоа се испраќа на цитолошко испитување.
Цитологија е наука за клетките, со што се подразбира дека патолозите под микроскоп од размасаката гледаат промени во клетките. Секоја промена во одредена клетка асоцира на одредена специфична дијагноза. Со пап тестот се дијагностицираат инфекции и промени во клетки, предизвикани од вирусна етиологија, односно ХПВ вирус. Вируси од типот на ХПВ или бактерии не се докажуваат со пап тест, туку со други испитувања( ХПВ типизација и Микробиолошки испитувања).

Промените во клетките можат да асоцираат на лесна, умерена, тешка дисплазија или во најлош случај карцином. Следствено на тоа се добиваат следниве дијагнози:

ASCUS – атпични плочести клетки
CIN1 – лесна дисплазија
CIN2 – умерена дисплазија
CIN3 – тешка дисплазија
Carcinoma in situ

Ласерски третман на промени на PVU (грло на матка)

Ласерски третман на промени на PVU (грло на матка) или т.н. ласерска вапоризација е супериорен и најупотребуван начин на лекување на промени на PVU (грло на матка).

Со тенок ласерски зрак се отстрануваат сите заболени клетки. Краткотрајна и безболна интервенција со кратко време на заздравување. Процентот на лекување е доста висок, односно над 95 % од случаите се успешни излекувани, без рецидив.

Како специјализирана ординација за промени на грло на матка она што е специфично за работата на ПЗУ Гинекомедика е употребата на Ultrapulse didode laser кој се смета за метода на 21 век. Во поново време доста се распространети промените на грло на матка како ХПВ инфекциите, CIN промени, кoндиломи и слично кои на прв поглед изгледаат доста сериозно но со мала безболна интервенција можат да се отстранат засекогаш. ПЗУ Гинекомедика покажувајќи ја својата хуманост и наклонетост кон своите пациенти во 1998 година го набави ласерот YAG ND кој беше донесен прв на балканот и сеуште е еднствен од таков вид. Во јануари 2013 е набавен новиот уште пософистициран и поспецијализиран ултрадиоден пулсен ласер.

Предноста на овој ласер е во тоа што светлосниот зрак е флексибилен. Преку колпоскопот точно дејствува на заболеното место. Тоа е предност за млади жени кои што не родиле. Ако е заболена само една точка само таа се лечи, ткивото кое е здраво не се зафаќа. Се цели само на местото каде што е промената, се уништува таа промена предизвикана најчесто од HPV вирусот и пациентката со едноминутна безболна интервенција едноставно е излечена. Тоа е најголемата предност на ласерот со кој што ние како ординација располагаме, за разлика од другите ласери на пример ласерот CO2 чиј зрак зафаќа многу пошироко и кои го отсрануваат и останатиот дел од здравото ткиво. Фасцинантна метода посебно за жени кои што не родиле. Нема никакви недостатоци и штетни дејства.

Кондиломи (condylomata accuminata)

Гениталните брадавици или кондиломи се мали бледо-розови израстоци и најчесто се појавуваат во групи. Причинител е ХПВ вирусот,односно нискоризичните типови на вирусот. Во 90% од случаите на кондиломи е одговорен ХПВ тип 6, 9 или 11. Сексуално пренослива болест. Најчесто доаѓа до инфекција со ХПВ вирус и последователно појава на кондиломи преку сексуален однос, било да е тоа вагинален, орален или анален. Се пренесуваат и преку директен контакт со заразена кожа или слузница. Лесно се добиваат дури ако користите презерватив. Скоро е невозможно да се заштитите од оваа заразна болест со обзир дека вашиот партнер може да биде преносител на вирусот дури и ако нема видливи симптоми. Симтоми на оваа болест се воглавно мали розови точки или пликови кои растат и се размножуваат во групи многу брзо или еден плик или брадавица која само расте. Од инфекцијата со вирусот до појавата на симптомите може да помине и подолг период меѓутоа најчесто се појавуваат за не подолго од 3 месеци после сексуален контакт со заразената личност.

Освен по сексуален пат, бидејки оваа болест е доста заразна можете да се заразите и од: јавни тоалети, заразена постелнина, заразена облека, крпи и бањарки кои ги носеле заразени особи и слично.

Има два начини на лекување односно отстранување на кондиломите:

  • Првиот е горење со Азот , кој е доста болен и долготраен метод.
  • Вториот начин е ласерско отстранување на кондиломите кој е поефективен и далеку пократкотраен. Со ласерскиот третман кондиломите се отстрануваат еднократно и безболно.

Совет: Не менувајте облека , крпи, бањарки со пријатели и блиски личности. Секогаш бидете претпазливи кога одите во јавни тоалети, дезинфицирајте ги рацете после излегување од тоалет.

Eхо дијагностика

Eхо дијагностиката е всушност воспоставување дијагноза со помош на ехо апарат.Со помош на ехо апаратот  се дијагностицираат промени во морфологијата на гениталните органи, се воспоставува дијагноза на бременост, следење на бременост и слично.

П.З.У ГИНЕКОМЕДИКА располага со најнов 4D HIGH DEFINITION ULTRASOUND ехо апарат, единствен од таков вид на територијата на Република Македонија и нуди врвен квалитет на работа со него од страна на високоспецијализиран, професионален, стручен кадар.

Доколку сте идни родители, нетрпеливи да го видите вашето бебе, сега кај нас можете во жива 4D видео снимка да ги видите сите негови движења. Од првите движења на вашето бебе ,вртење, слушање на неговото срце дури до најситни гримаси што тоа ги прави.

Одличен начин за идните родители да се запознаат со нивното бебе пред породувањето.

4D снимката во суштина е видео кое содржи 3D ехо слики плус додавање на четвртата димензија односно времето.

Каkо до здраво бебе со помош на 4D апаратот

На 3D/4D ехо апаратот се изведуваат многу прегледи и методи со кои можете да видите како напредува вашето сеуште неродено бебе внатре во матката.

Една од многу важните скрининг методи е ултразучниот или ехо скрининг ,затоа што е брза и неинвазивна метода а дава многу информации за плодот и бременоста .

Од 11 до 13,5 недела се прави скрининг за Down sindrom.Тој се прави со откривање на генетските маркери за тој синдром, а може и со биохемиски маркери, оддвоени или заедно со ехо маркерите кога е за нешто повисока прогностичката вредност.

Од 18 до 21 недела се прави генетски сонограм на основа на 16 генетски маркери.Оваа метода е со висока прогностичка вредност.Нормален наод е ако во ниеден маркер нема отстапување од нормалата. Ако има макар и во еден,со помош на софтвер се пресметува колкав е ризикот по плодот и според тоа се одлучува дали е потребна генетска амниоцентеза или не.

Колпоскопија

Колпоскопија е дијагностичка метода за набљудување на грло на матка и вагина, односно за следење на промени на грлото на матката . Се извршува со помош на апарат наречен колпоскоп во кој е вградена леќа со помош на која сите промени се гледаат многу пати зголемени, па така и најмала промена може да се забележи и да не се дозволи да премине во понапреден стадиум. Апаратот не навлегува во внатрешноста на вагина, туку докторот само набљудува преку него. Поради тоа колпоскопијата е потполно безболна метода.