- ХПВ (Хуман Папилома Вирус) кај мажи
- Протокол на In Vitro фертилизација
- Примена на дополнителни алтернативни методи при конвенционален IVF третман
- Лекарства што се користат во АРТ (Асистирани Репродуктивни Техники)
- Аспирација на цисти
- ЦИН – CIN (Цервикална Интраепителијарна Неоплазија)
- Спермограм – Испитување на семен материјал
- Менструален циклус
- Антибиограм на семен материјал
- Mycoplasma hominis
- Пренатална дијагностика
- Неплодност (инфертилитет) кај мажи
- PCOS
- Симптоми на овулација
- Кандида
Category: IVF плус

ХПВ (Хуман Папилома Вирус) кај мажи
Секоја личност која е сексуално активна би можела да добие Хуман папилома вирус (ХПВ). Студиите покажуваат дека околу 75% од сексуално активните мажи и жени ќе се здобијат со аногенитална инфекција со ХПВ во некој период од нивниот живот. Најголем број од инфекциите се без симптоми и се потиснати без никаков третман во период од две години. Потиснувањето на вирусот кај мажите најчесто оди многу побрзо отколку кај жените.
Како мажите добиваат ХПВ?
ХПВ се пренесува преку генитален контакт – најчесто преку вагинален или анален секс. ХПВ може да се пренесе и преку орален секс, а се пренесува и без пенетративен секс, т.е ако се дојде во контакт со инфициран регион (кожа на кожа контакт) во аногениталниот регион. Може да се биде инфициран со повеќе од еден тип на ХПВ во исто време. Бидејќи ХПВ обично не предизвикува симптоми, повеќето мажи и жени може да се инфицираат и да го пренесуваат вирусот без нивно знаење. Вирусот може да биде присутен и ако поминал долг период од последниот сексуален контакт, изразено дури и во години.
Кои здравствени проблеми се предизвикани од ХПВ кај мажи?
ХПВ може да ги инфицира гениталните региони кај мажите, вклучително и кожата на и околу пенисот и анусот. Устата и грлото исто така може да бидат инфицирани. Некои типови на ХПВ може да предизвикаат генитални брадавици.
Типовите на ХПВ кои предизвикуваат генитални брадавици
Најчесто ХПВ тип 6 и 11, се пренесуваат со кожа-на-кожа контакт, најчесто за време на вагинален, анален, но и орален секс со некој кој има инфекција. Поверојатно е да бидат пренесени доколку има видливи брадавици, но може да бидат пренесени и доколку тие отсуствуваат.
Други типови на ХПВ може да предизвикаат канцер на пенисот, анусот или орофаринксот
(задниот дел на грлото, основата на јазикот и крајниците). Анален канцер не е исто што и колоректален канцер. Колоректалниот канцер е многу почест и не е предизвикан од ХПВ. Типовите кои предизвикуваат генитални брадавици не се исти со типовите кои може да предизвикаат канцер.
Сепак, треба да се нагласи дека повеќето мажи кои ќе се здобијат со ХПВ од било кој тип, не развиваат никакви симптоми или здравствени проблем.
Како да ја намалам можноста за инфекција со ХПВ?
Кондомите (ако се употребуваат при секој сексуален акт, од почеток до крај) може да ја намалат можноста за пренесување на ХПВ, а со тоа и развиток на болести поврзани со ХПВ. Но, за жал тие не се 100% ефективни кога е ХПВ во прашање, бидејќи ХПВ се пренесува примарно преку кожа-на-кожа контакт. ХПВ може да ги инфицира регионите кои не се покриени со кондомот.
Абстиненцијата е единствен начин за превенција на ХПВ пренос. Ризикот може да биде намален ако личноста има сексуални односи само со една личност која не е инфицирана и која исто така е моногамна, т.е има само еден сексуален партнер. Сепак, дури и луѓе со само еден партнер во животот, може да бидат инфицирани ако тој партнер ја носел инфекцијата. Ако долготрајниот сексуален партнер на мажот има ХПВ, веројатноста е многу голема дека и тој го добил. Истото важи и обратно, маж на жена. Бидејќи личноста може да има ХПВ многу години пред тој да предизвика некакви здравствени проблем, не постои начин да се знае кој на кој партнер му ја пренел инфекцијата. ХПВ инфекција кај партнерот не мора нужно да значи дека имал односи надвор од моногамната врска. Вирусот може да остане притаен во телото без видливи симптоми со години. Најчесто е невозможно да се одреди кога и од кого е здобиен бидејќи ХПВ може да биде детектиран веднаш по изложувањето или многу години подоцна.
Поради тоа непотребно е партнерите да се обвинуваат меѓусебно.
Зголемен број на партнери го зголемува ризикот од инфекција со ХПВ, но вирусот е толку чест што да се има еден животен партнер не значи и сигурна превенција.
Сепак, поради тоа што гениталните брадавици лесно се пренесуваат помеѓу сексуалните партнери, пожелно е да го информирате партнерот доколку ги имате и да избегнувате сексуален однос до нивно отстранување.
Личен тест:
Проверете дали имате некви абнормалности на пенисот, скротумот или околу анусот. Веднаш посетете го Вашиот доктор доколку забележите брадавици, ранички, пукнатини, бели региони или други промени кои се сомнителни.
Протокол на In Vitro фертилизација
-
Стимулација на јајниците и мониторирање
Јајниците се стимулираат со давање на хормони (FSH, Follicle Stimulating Hormone и кај некои случаи и Luteinising Hormone, LH). Ефектите од стимулацијата се следат со мониторирање на растот на фоликулите се додека тие не ја постигнат потребната големина и број. Во овој момент, се дава хормон кој го имитира LH (Лутеинизирачки хормон), хормонот кој што природно ја поттикнува овулацијата, што резултира со ослободување на јајце клетките.
-
Собирање на јајце клетките и ин витро фертилизација
Собирањето на јајце клетките се врши со внесување на игла во фоликулите од јајниците и аспирирање на фоликуларната течност. Процедурата се изведува под анестезија. Кога ќе се извадат јајце клетките се чуваат во инкубатор во адекватен медиум за култивирање. Во меѓувреме од спермата се прочистуваат мотилните сперматозоиди кои ќе бидат употребени за фертилизација со користење на IVF или ICSI методата. Во последно време често се употребува ICSI (Intra Cytoplasmic Sperm Injection) методата која претставува оплодување на јајце клетката со микро инјектирање на сперматозоид. Постапката која што претходи и која што следува е иста како и при класичното IVF оплодување. Единствената разлика е што за ICSI методата е потребен само еден сперматозоид за една јајце клетка, додека за класичната IVF инсеминација се потребни 50 000 до 100 000 сперматозоиди. ICSI техниката се употребува од 1992 година за оплодување кај пациентите со машки инфертилитет или абнормалност на спермата од типот на: azoospermia (отсуство на сперматозоиди), oligozoospermia (ниска концентрација на сперматозоиди), asthenozoospermia (ниска мотилност на сперматозоидите) или teratozoospermia (низок број на морфолошки добри сперматозоиди).
-
Трансфер на ембриони
Денот после извршеното оплодување се осознава бројот на оплодени јајце клетки. Во текот на следните 2 до 3 дена се добиваат ембриони кои се спремни за трансферирање во матката. На денот на трансферот ембрионите со најдобар квалитет се селектираат. Со законот е дозволено во матката максимално да се трансферираат 2 ембриони. Ембрионите се внесуваат во тенок катетер со кој гинекологот ги трансферира ембрионите длабоко во матката. Оваа постапка се изведува без анестезија. Вообичаено едниот ембрион се имплантира и започнува бременост но сепак понекогаш се имплантираат и двата ембриона и настанува близначка бременост.
-
Криопрезервација
Ембрионите кои што остануваат после извршениот ембриотрансфер може да се замрзнат со процесот познат под името витрификација, и да се чуваат во течен азот. Замрзнатите ембриони може да се користат при друга ин витро постапка доколку не дошло до бременост при првиот обид или за втора бременост. Третманот за припремата на матката за трансфер на замрзнати ембриони е многу поедноставен и нема потреба од стимулација на јајниците за да се добијат јајце клетки со што значително се намалуваат трошковите за втор обид.
Примена на дополнителни алтернативни методи при конвенционален IVF третман
Од неодамна за првпат во Македонија почна да се применуваат и алтернативни методи во додаток на конвенционалниот ИВФ третман. Тимот од ИВФ центарот ГИНЕКОМЕДИКА во Скопје, посебно за секоја пациентка подготвува пакет на дополнителни алтернативни методи за ослободување од стрес, зголемување на крвотокот во малата карлица и зголемување на процентот на успешност на ИВФ процесот. Методите кои се користат семузикотерапија, бовен- терапија и нутриционизам.
За овој иновативен пристап во медицинската практика при спроведување на класичниот ИВФ третман, тимот составен од Леонина Корнети Пекевска – музикотерапевт, Дејан Ѓорѓиевски – физиотерапевт, д-р. Дејан Божиновски – гинеколог и Др. Лилјана Симјановска – ембриолог, беше награден со златен медал на годинашниот саем за иновации МАКИНОВА/ЕКОНОВА 2015.
Музикотерапија
Музиката била користена низ историјата на човештвото за изразување или поттикнување на емоциите кај луѓето. Уште од дамнешно време биле приметени терапевтските и лекувачките способности на музиката. Музиката може психолошки да влијае врз промената на расположението, може да има ефект на стимуланс или седатив, исто така може да менува или насочува физиолошки процеси како на пример, брзината на чукање на срцето или темпото на дишење. Здравствените бенефиции на музиката довеле до формирање универзитетски програми уште при крајот на 1940-тите и почетокот на 1950-тите, а првата национална професионална асоцијација на музикотерапевти е формирана во Соединетите Американски Држави, во Њујорк во 1950 година.
Музиката има позитивни ефекти за сите. Помага на луѓе кои имаат физички, емоционални, когнитивни, социјални проблеми а исто помага и на здрави луѓе за релаксирање, намалување на стресот и подобрување на расположението.
Музикотерапијата е техника која е комплементарна на класичната медицина, а е дел од алтернативната медицина. Таа користи музика и звуци, специјално наменети според потребите на пациентите.
Музикотерапевтските програми се специјално дизајнирани за да помогнат на пациентите да ги пребродат или надминат физичките, емоционалните, интелектуалните и /или социјалните проблеми.
Резултатите од примената на музикотерапијата опфаќаат голем број позитивни ефекти за пациентот, од подобрување на комплетната состојба на телото и умот до намалување на нивоата на стрес и болка.
Музикотерапијата се користи во многу опкружувања и институции, како што се: болници, рехабилитациони центри, училишта, социјални центри, домови за стари лица итн…
Една од првите музикотерапевтски истражувања кај неплодни пациенти, биле изведени со цел да се докаже дека соединувањето на музиката и медицината помага во смирување и релаксирање на душата, намалување на стресот кај пациентот и на крај, дефинитивно подобрување на резултатот при ин-витро постапката. Така се дојде првпат до позитивни резултати кај неплодни пациенти, иако до тогаш, веќе беа докажани бенефициите на музикотерапијата кај различен вид на пациенти од други области.
Стресот е на многу високо ниво кога се во комбинација проблеми со неплодност и желбата да се зачне дете. Голем процент од двојките кои сакаат дете со ин-витро методот, се соочуваат со емоционални, финансиски и физички типови на стрес поради неплодност во комбинација со сите типови третмани кои следат пред и по оплодувањето.
Третманот со музикотерапија започнува од почетокот на ИВФ третманот, пред и по ембрио трансферот, трае паралелно со носењето на детето и би било убаво да се применува се до денот на породување.
При музикотерапија кај овие процеси се бира специјален тип музика според вкусот, желбата и состојбата на пациентот. Стручно лице нуди на пациентот спремен избор на музика којшто по одобрение на пациентот, може да почне терапевтски да се користи.
БОВЕН – терапија
БОВЕН-техниката е терапевтска техника која потекнува од Австралија, каде што е признаена од страна на државното и бројни приватни здравствени осигурувања. Од јуни 2010 год. е вклучена и во здравствениот систем на Велика Британија. Покрај во Австралија и Велика Британија, терапијата има широка примена во многу држави во Европа, Северна Америка и Канада.
Бовен-терапијата е мануелна техника која вклучува нежни движења/потези, наречени бовенови потези, но истовремено и многу моќна техника која испраќа невролошки импулси кон централниот нервен систем. ЦНС ги прима, обработува и интегрира импулсите, а пота враќа соодветен одговор во облик на импулси, кои се одразуваат како одговор на телото во форма на различни механизми кои се манифестираат како намалување на тензијата, мускулна релаксација, подобрена циркулација на крв и лимфа, забрзан процес на регенерација и пред се хормонски баланс на организмот.
Бовеновите потези се изведуваат на точно одредени места од телото, на значајни точки, преку мускулите, тетивите, фасцијата, периферните нерви и некои акупунктурни точки. Третманот трае од 30 до 60 минути и се обработува целото тело, при што се изведуваат точно одредени потези, на точно одредени места, по точно одреден редослед, што ја прави оваа техника поразлична од сите останати мануелни терапии.
Бовен-терапијата е нежна, неинвазивна, холистичка и природна техника која речиси нема контраиндикации, и е одлична за сите возрасти, особено за малите деца, бремените жени и лицата кои сакаат да осниваат семејство. Одлична терапевтска, антистрес и релаксациска техника, за многу болести и заболувања, а од гинеколошките проблеми се применува кај: стерилитет, нередовен менструален циклус, ПМС, цисти и фиброми кај јајниците, фиброцистични дојки, хормонски проблеми и др.
Бовен-терапијата се заснова на концептот да се постигне хомеостаза во организмот, односно баланс кој ќе поттикне активација на внатрешните механизми во телото со цел телото само да си помогне во решавањето на проблемот. Терапијата влијае како на соматско така и на психолошко ниво, што ја прави единствена и уникатна техника. Механизмите/органските системи преку кои техниката ги изразува своите ефекти се: мускули, фасција, автономен нервен систем, периферен нервен систем, кожа, акупунктурни точки и меридијани, проприоцепција и микроелектрични ефекти/пиезоелектричен ефект.
Бовен-терапијата и неплодноста се меѓусебно поврзани, бидејќи рамнотежата, балансот и релаксацијата, кои се постигнуваат со бовен-терапијата се одлична подлога за реализација на бременоста. Неплодноста се дефинира како неможност за концепција по една година незаштитени односи или како неможност за доносување на бременоста до крај, односно до породување. Бовен-техниката може да се употребува кај жената или кај парот кои не можат да остварат концепција, а притоа по медицински пат да се исклучени сите органски причини кои би ја спречувале концепцијата. Оваа терапија помага при стерилитет бидејќи влијае врз хомеостазата и балансирањето на сите органски системи, пред се на половите органи и хормони, што овозможува позитивни услови за моментот на концепцијата и доносувањето на бременоста до породување.
Нутриционизам
Правилната исхрана како практика за лекување
Преку храната природата го храни и негува телото. Кога телото е ненахрането и во него е внесено нездрава храна истото нема можност за обнова и регенерација. Ова е особено важно за фертилитетот. Секојдневно во телото изумираат одреден број на клетки, а на нивно место постојано се создаваат нови клетки. Ова се случува со сите органи, мускули, ткива. Новите клетки се создаваат од храната која ја внесуваме во нашето тело. Затоа правилната исхрана овозможува да се внесе здрава храна, при што да се формираат нови здрави клетки и телото да се одржува здраво и витално.
Во минатото кога се применувале традиционалните начини на исхрана, луѓето биле многу по-плодни. Со појавата на индустриската храна почнале да се појавуваат бројни здравствени проблеми меѓу кои и проблеми со плодноста. Затоа правилниот начин на исхрана кој изобилува со протеини, минерали, калциум и природни масла има големо влијание врз квалитетот на репродуктивните клетки.
Честопати здравиот начин на исхрана кој најчесто се применува во секојдневниот живот се разликува од исхраната за здрав фертилитет. Исхраната за подобрување на фертилитетот има свои специфичности а целта е да се влијае врз квалитетот на репродуктивните клетки, јајце-клетките и сперматозоидите, како и за понатаму да се обезбеди здрав фетален развој.
Преку исхраната потребно е да се направи баланс и подготовка на целиот организам за развој на здраво дете.
ИВФ центарот ГИНЕКОМЕДИКА има подготвено посебна програма за правилна исхрана на пациентите кои се подготвуваат за ИВФ третман.

Лекарства што се користат во АРТ (Асистирани Репродуктивни Техники)
Кломифен цитрат
Тој е структурно сличен со естрогените. Се врзува за рецепторите за естрогени во хипоталамусот( дел од мозокот што учествува во регулацијата на менструалниот циклус ) и на тој начин продолжува лачењето на ГнРХ од хипоталамусот кој од своја страна ја стимулира хипофизата да лачи ФСХ и ЛХ. Овие два хормона учествуваат во стимулација на растот и созревањето на фоликулите во јајниците.
Кломифен цитратот се прима орално ( преку уста) во форма на таблети од 50 мг. Со терапија се почнува од 3-7 ден од циклусот. Дозата е индивидуална, при тоа се земаат во предвид индексот на телесна тежина, одговорот на јајниците.
Ефектот од стимулацијата се проследува ултразвучно- се прави фоликулометрија т.е. се следи бројот и големината на растечките фоликули.
Гонадотропини
Тоа се хормони што нормално се лачаат од предниот дел на хипофизата и тука спаѓаат ФСХ ( фоликулостимулирачки хормон ) и ЛХ (лутеинизирачки хормон ).
Во процесот на АРТ овие хормони се применуваат во форма на инјекции што се аплицираат подкожно.
Индукцијата на овулација обично започнува со ниски дози ( 50-75 ИУ/ ден) и постепено дозата може да се зголемува ако нема добар одговор од страна на јајниците. При секоја стимулација задолжително се следи ултразвучно бројот и големната на фоликулите бидејќи постои ризик од оваријална хиперстимулација.
ГнРХ аналози
Лекови кои се користат за десензибилизација на хипофизата,односно служат за превенција на предвремен скок на ЛХ во процесот на контролирана оваријална хиперстимулација (КОХ)
Тука спаѓаат:
- ГнРХ агонисти
Леупролид ацетат – ова лекарство се сврзува со рецепторите за ГнРХ и води до ослободување на супстанци што стимулираат секреција на ФСХ и ЛХ.
Континуирана администрација на ова лекарство првично води до зголемена секреција на горенаведените хормони, а потоа до десензибилизација на хипофизата и пад во продукцијата на ФСХ и ЛХ, и на тој начин се спречува скокот на ЛХ во фазата на стимулација. Ваквите лекарства се користат во т.н. долги протоколи на стимулација. - ГнРХ антагонисти
За разлика од ГнРХ агонистите за чие што делување е потребно 2-3 недели, ГнРХ антагонистите делуваат веднаш, во рок од неколку часа вршат десензибилизација на хипофизата,со последователно намалуване на ФСХ , ЛХ и естрадиол.Се користат во т.н. кратки протоколи на стимулација.
ХЦГ- (хуман цхориониц гонадотропин)
Тоа е полипептиден хормон што се синтетизира во постелката ( плацентата). Се состои од една алфа и една бета субединица. Алфа субединицата е идентична со алфа субединицата на ЛХ, ФСХ и ТСХ. Ова лекарство служи за подготовка на фоликулите за пункција. По прием на инјекцијата со ХЦГ овулација настанува на 40-от час. Тоа е клучен момент бидејќи пунктирањето на јајце клетките треба да се изврши пред да настане овулација т.е. на 34- 36-от час по апликација на лекарството.
Прогестерон
Тоа е хормон што се проиведува од јајниците, жолтото тело по овулација и од постелката. Важен е за подготовка на слузницатаицата на матката за имплантација на оплодената јајце клетка. Прогестеронските препарати се во форма на вагиналети или инјекции со депо ( продолжен) ефект. Терапијата со Прогестерон започнува од денот на ЕТ ( ембрио трансвер) или инсеминација па се до 10-12 гестациска недела кога постелката е веќе развиена и може сама да го произведува .

Аспирација на цисти
Интервенција при која под контрола на ултразвук со помош на тенка игла се извлекува (аспирира) течноста од цистата. Процедурата се врши во краткотрајна интравенска анестезија, што значи дека пациентката нема да осети никаква болка.
Како и при секоја интервенција, така и при аспирација на циста постои ризик од повреда на крвни садови, прскање на истата и излевање на содржината во абдоминалната /карличната шуплина.
Аспиратот ( добиената содржина од цистата) потоа се испраќа на цитолошка анализа каде специјалисти патолози го обработуваат на специфичен начин, а потоа материјалот го гледаат под микроскоп т.е. поставуваат хистопатолошка дијагноза.

ЦИН – CIN (Цервикална Интраепителијарна Неоплазија)
HPV вирусот е причинител на CIN промените, кои можат, но не мора да значи, да поминат во цервикален карцином . Сепак факт е дека цервикалниот карцином е втор по зачестеност кај женската популација после карцином на дојка.
Информациите што следат ќе ви помогнат подобро да ја разберете оваа состојба со сите нејзини карактеристики и можности за лекување:
- Што е CIN?
- Како се дијагностицира?
- Како да спречиш HPV инфекција?
- Симптоми на HPV
- HPV и CIN
- Дали и зошто да се лекува?
- Како се лекува CIN
- Дали се потребни контроли после третманот?
- Дали и партнерот треба да се лекува?
Што е CIN
Cervikalna intraepitellijarna neoplazija. Терминот neo означува нешто ново додека терминот plazija значи раст. Цервикалната инраепителијарна неоплазија означува абнормален раст на цервикалните клетки, а се нарекува уште и цервикална дисплазија.
CIN не е карцином!
Класифициран е во 3 степени: CIN 1(дисплазија од низок степен), CIN 2(дисплазија од среден степен) и CIN 3(дисплазија од висок степен).
Ова заболување припаѓа на групата сексуално преносливи болести или STD (Sexually Transmitted Diseases) а го причинуваат одредени подтипови на генителен вирус наречен Human papiloma virus или HPV.
Појавата на заболувањето ја фаворизираат дополнителни егзогени фактори како пушење цигари , недостаток на фолна киселина во исхраната. Заболуваат најчесто девојки на возраст од 25-35 години но не е поштедена ни останатата популација.
Како се дијагостицира?
HPV и CIN промените се откриваат со Пап тест. Меѓутоа пап тестот е само скрининг метода, така да конечната дијагноза се поствавува со колпоскопија (метода со која се набљудува грлото на матката) и биопсија (безболно земање на многу мали примероци од грлото на матката). Доколку со овие методи се докаже присуство на HPV , пожелно е да се направи и типизација на вирусот, односно да се покаже за кој подтип на вирус станува збор како би се предвидел евентуалниот развиј на заболувањето.
Kако да спречиш HPV инфекција?
Во принцип има два начини за спречување на инфицираност со HPV вирусот:
- Апстиненција
- Користење презервативи
Симптоми на HPV
Повеќето луѓе кои се заразени со HPV не знаат дека го имаат вирусот. HPV вирусот во 90% од случаите не покажува симптоми. Меѓутоа одредени подтипови на HPV вирусот можат да предизвикаат појава на генитални брадавици кај мажи или жени. Други типови можат да предизвикаат и различни видови на канцер.
HPV и CIN
CIN промените се тесно поврзани со вирусот на HPV, односно HPV вирусот е причинител на CIN промените. Постојат повеќе од 130 подтипови на овој вирус ,поделени во групи според својата агресивност. Носители на групата на високоризични вируси се HPV 16 и HPV 18. Секако, постојат и други високоризични подтипови.
Дали и зошто да се лекува?
Иако CIN не е карцином, може да се равие во него. Дисплазијата од незок степен односно CIN 1 понекогаш може спонтано да се повлече без третман. Во сите западноевропски држави пракса е превентивен третман на HPV промени на грло на матка. Не постои метод со кој би се предвидело која CIN1 промена ќе се повлече а која ќе напредува кон CIN 2 или евентуално карцином. Секако, подтипот на HPV, имуниот систем на организмот,пушењето и други надворешни фактори влијаат на исходот. Поради тоа што вирусот се наоѓа во самите клетки, со нивно отсранување се отстранува и самиот вирус односно не останува понатаму во организмот.
Како се лекува CIN?
Постојат неколку начини на лекување. Кој начин треба да се одбере зависи од стадиумот на промената, возраста на жената, присуство на други гинеколошки проблеми и слично. Искуството на докторот и достапноста на адекватна опрема се од големо значење.
Најчесо користени методи се:
- Ласерски третман. Супериорен и најупотребуван начин на лекување на CIN промени.Со тенок ласерски зрак се отстрануваат сите заболени клетки. Предности: краткотрајна и безболна интервенција,најкратко време на заздравување, бидејќи не го отстранува грлото на матката се препорачува кај жени кои се уште не родиле. Процент на успешно лекување над 95%. Недостатоци: скапа опрема
- Криотерапија или смрзнување. Со сонда се замрзнува грлото на матката на температура под нула. Оштетените клетки отпаѓаат преку обилна секреција наредните 30-45 дена.Предности: лесна метода. Недостатоци: повеќе третмани,обилна секрација
- Loop ексцизија. Со тенка жичена јамка под дејство на електрична енергија се отстранува дел од грлото на матката. Предности: Методата истовремено е и дијагностичка и терапевтска. Недостатоци: Ограничена употребливост
- Конизација. Како што кажува и самото име конизација е отсранување на дел од грлото на матката во форма на конус. Операцијата се изведува под општа анестезија. Предности: се користи и за лекување на carcinoma in situ. Недостатоци: поголем процент на компликации,можност за компликации при бременост поради скратување на грлото на матката
- Хистеректомија. Оперативно отстранување на целата матка. Методата се употребува при високи стадиуми на заболувањето.
Дали се потребни контроли после третманот?
ДА!!! Поради можноста од повторување на промените, апсолутно се потребни контроли после третманот. Обично се потребни пап тестови на секои 3 месеци во првата година, потоа на секои 6 месеци.
Дали и партнерот треба да се лекува?
HPV е сексуално преносливо заболување. И кај партнерот треба да се провери присуство на HPV. Со едноставно премачкување на пенисот со раствор на оцетна киселина можат да се откријат сите евентуални промени кај партнерот.
Спермограм – Испитување на семен материјал
Сведоци сме дека современиот начин на живот ( загадениот воздух, стресот,храната која ја јадеме,алкохолот…) доведува до многу болести и пореметувања во нашиот организам.
Доказ дека сите тие фактори влијаат и на квалитетот на семениот материјал е фактот што машкиот стерилитет споредено со некогаш, сега сè повеќе процентуално расте и скоро се изедначи со женскиот фактор на стерилитет.
Спермограм е резултат од низа анализи на семениот материјал (ејакулат).
Овие анализи даваат информација за способноста на сперматозоидите за оплодување на јајните клетки, нивниот број, изглед и квалитет.
Од извршените анализи на семениот материјал (ејакулатот) добивате информација за следните параметри: изглед, ликвефикација (втечнување), конзистенција, вискозитет, волумен, мотилитет, аглутинација, морфологија на сперматозоиди, концентрација на сперматозоиди, вкупен број на спрематозоиди на ејакулатот, како и фотографии од истите.
Според резултатите и референтните вредности од погоренаведените параметри се воспоставува дијагноза која може да биде една од наведените:
- Normozoospermia – нормален ејакулат кој не отстапува од нормалните референтни вредности
- Oligozoospermia- намелен вкупен број на сперматозоиди
- Asthenozoospermia – намалена подвижност на сперматозоидите
- Teratozoospermia-пореметена морфологија на сперматозоидите
- Azoospermia – отсуство на сперматозоиди во ејакулатот
- Necrospermia- мртви сперматозоиди во ејакулатот
Правилна припрема за спермограм
За да резултатите од спермограмот бидат објективни важно е да апстинирате од ејакулација од 3 до 5 дена. Доколку материјалот го носите од дома , тогаш е потребно да купите стерилна чашка за урина од аптека и материјалот да го донесете во Центарот најкасно за еден час. Чашката да биде завиткана во неколку слоја хартија (поради термичка изолираност) и ставена во ќеса.
Семениот материјал можете да го дадете и во самиот Центар, во специјална просторија применета за таа намена.Во тој случај сите потребни средства ги добивате во нашиот Центар.
И во двата случаи имате право на анонимност.
Закажи термин за спермограм
Работно време 08:30-14:30
Начин на достава на семениот материјал
*начин 1 : Да го донесете лично или да го донирате материјалот во Центарот за ИВФ.
Цена: 2000 денари
*начин 2 : По договор со Вас, материјалот да биде подигнат (од наша служба) од Вашиот дом и резултатите да ги добиете на email, факс или друг начин на комникација кои Вие ќе го одберете.
Цена: 2200 денари

Менструален циклус
Период на наормален менструален циклус е 28 дена. Но, во некои случаи, кај одредени жени тој период може да е продолжен и да биде подолг или пократок.
Факт е дека мнозинството жени имаат нередовен меструален циклус. Прв ден од вашиот менструален циклус е денот кога добивате менструација. Целиот менструален циклус започнува со созревање на јајната клетка, внатре во јајникот. Моментот на прскање на зрелата јајна клетка од фоликулот и исфрлање во јајцеводите е моментот на на овулација.
14-тиот ден пред добивање на менстрауација е денот на овулација , односно таканаречениот најплоден ден. Следствено на тоа ,за плодни денови се сметаат од 12 до 16 ден од циклус односно 2 дена пред и потоа од денот на овулација (бидејќи сперматозоидите можат да преживеат во вагина до 48 часа).
Има повеќе начини за одредување на денот на овулација. Едни од повеќето начини се следниве:
Мерење на базална температура, која е зголемена во фаза на овулација
Водете си калeндар.
Напомена:
Многу битно за сметањето на овулација, односно плодни денови е да имате редовно точни менструации, бидејќи доколку имате нередовни менструации од било која причина (пореметување во хормонален статус, цисти) нема да можете точно да пресметате кога се Вашите плодни денови.

Кандида
Инфекција, најчесто предизвикана од Candida albicans но понекогаш може и од останатите Candida Sp. или други габички. Типични симптоми вклучуваат чешање и вагинален исцедок. Останати симптоми се вулварно печење, диспареунија (болка во текот на сексуален однос) и екстерна дизурија (болка при мокрење). Околу 75 % од женската популација има искусено кандидијаза,доколку 40-45% хронично ја имаат оваа инфекција. Дијагноза се воспоставува според симптомите, најчесто белузлав исцедок. Се потвдрува микроспкопски како и со микробиолошки култури.
Не е типична полово пренослива болест, па се лечи само едниот партнер.
Многу мал број на мажи можат да добијат симптоми на кандидијаза кои се најчесто чешање и иритација. Честа појава во тек на бременост, но нема потреба од паника доколку редовно го поесетувате Вашиот гинеколог. Доколку примате антибиотици, особено подолго време шансите за добивање кандидијаза се зголемени.Антибиотиците покрај штетните бактерии ги уништуваат и корисните заштитни бактерии од вагиналната микрофлора и со тоа го олеснуваат растот на кандидата.
Најчести симптоми при инфекција со Кандида се:
-
- Чешање
- Црвенило на вагина
- Печење
- Промена во секрет (бела боја, мирис на квасец)
- Болка при полов однос (диспареунија)
- Болка при мокрење (дизурија)
Во продолжение неколку стручни совети од нашиот тим на доктори за тоа како да ги намалите шансите од инфекција со Кандида:
- Во 1 литар вода растворете 3-4 супени лажици јаболков оцет. Со растворот се прави тоалета на гениталните орагани во период од неколку дена. Постапката ќе ви помогне за превенција од candida инфекција и спречување на веќе постоечката мала инфекција да премине во посериозна.
- Избегнувајте да носите влажен долен веш, многу е битно интимниот регион да биде секогаш сув. Бактерии и габички полесно се размножуваат на влажни места
- Избегнувајте да носите миризливи влошки
- Избегнувајте вашиот интимен дел да го миете со миризливи сапуни, интимни гелови и слично . Најпрепорачливо е интимниот дел да се мие само со млака вода.

Антибиограм на семен материјал
Антибиограм на семен материјал е анализа на истиот од аспект на полово преносливи бактерии. Микробиолошко испитување со осетливост на антибиотици.
Во нашата ординација се вршат испитувања за следните бактерии:
Бактерија која живее на епителијалните клетки инфицирајќи ги мукозните мембрани на уретрата, анусот и поретко, грлото.
Се пренесува со вагинален, анален секс и веројатно орален секс. Може да се пренесе и мануелно (со рака) при допир на анус или гениталии кои се инфицирани.
Најчесто е асимптоматска, т.е без симптоми иако и тогаш е заразна. Доколку се јават, симптомите обично се забележливи по 1 до 3 недели од инфекцијата. Мажите најчесто чуствуваат болка и пецкање при мокрење, уретритис и појава на секрет. Доколку не биде успешно третирана во рана фаза, инфекцијата може да предизвика простатитис(воспаление на простата) или епидидмитис( воспаление на тестиси). Може да води и кон инфертилитет ако остане нелекувана долг период.
Бактерија која се јавува природно, дури и како дел од нормалната флора кај мажите и жените. Се јавува кај 70% од сексуално активните луѓе. Поради тоа не се смета за класично сексуално пренослива инфекција, иако може да биде пренесена преку сексуален акт. Во некои случаи може да биде пренесена и преку допир со секрет од нос или очи на инфицирана личност бидејќи се пренесува и преку плунка и крв.
Најчесто е асимптоматска, т.е без симптоми и поради тоа, според медицински студии, важно е да се тестира за ова инфекција на годишно ниво. Доколку се почуствуваат симптоми, тие вклучуваат болка во долниот регион на стомакот, болки при мокрење, невообичаен секрет и крварење од уретрата. Обично инфекцијата се открива кога се јавуваат симптоми од други состојби, како што се уретритис (воспаление на уретра), епидидмитис (воспаление на тестисите), црвенило и воспаление на гениталиите со или без секрет.
Доколку не се третира, инфекцијата може да предизвика инфертилитет, неспецифичен уретритис, пневмониа, менингит. Може да се прошири и на другите делови од телото и да предизвика оштетување на зглобовите, нервите и мускулите. Кај жените (партнерката) освен горенаведеноте состојби, при бременост може да предизвика и предвремено раѓање, па дури и смрт на плодот.
Меѓутоа, поради неговата честота и ниска патогеност, поврзаноста на овој микроорганизам со наведените сериозни состојби останува дискутабилна.
- Chlamydia trachomatis
Бактерија која предизвикува една од најчестите полово преносливи инфекции. Може да се пренесе преку вагинален, анален, орален секс, но и од инфицирана мајка на дете при вагинално раѓање.
Околу половина од мажите со хламидија нема да забележат никакви симптоми. Доколку се јават симптоми, тие вклучуваат болка при мокрење, секрет од врвот на пенисот (бел или со налик на вода) и болка во тестисите. Некои мажи имаат благи симптоми кои исчезнуваат за два до три дена. Но, иако симптомите може да исчезнат, инфекцијата останува и се пренесува. Ако не се третира соодветно, може да предизвика орхитис (отоци на тестисите), реактивен артритис (воспаление на зглобовите) и инфертилност.
Компликации кои може да се јават од оваа инфекција се и уретритис и епидидмитис. Уретритисот е воспаление на уретрата (уринарната цевка) која се протега во пенисот. Симптомите се бел, заматен секрет од врвот на пенисот, болки и пецкање при мокрење, потреба за често мокрење, иритација и осетливост околу врвот на пенисот. Најчести симптоми на епидидмитис се отоци и осетливост во епидидимусот, т.е делот од машкиот репродуктивен систем кој ја спроведува спермата од тестисите. Ако се прошири и на тестисте, тогаш оваа состојба се нарекува епидидмо-орхитис. Инфекцијата во овој регион предизвикува воспаление, отоки осетливост во скротумот (вреќата на тестисите). Некои мажи можат да забележат и општо црвенило и осетливост на скротумот. Инфекцијата може да води до насобирање на течност во регионот. Ако не се третира, може да предизвика стерилитет, во ретки случаи и во краток период како што е 6-8 недели од инфекцијата.
Оваа бактерија може да го инфицира и ректумот, очите и грлото при незаштитен анален и орален секс. Инфекцијата на ректумот предизвикува непријатност, болка, крварење и секрет. Ако инфицирана семена или вагинална течност дојде во контакт со очите, може да се развие иритација, болка и секрет сличен на оној при конјуктивит. Инфекциите на грлото се поретки и обично не предизвикуваат симптоми.
Mycoplasma hominis
Бактерија која живее на епителијалните клетки инфицирајќи ги мукозните мембрани на уретрата, анусот и поретко, грлото.
Се пренесува со вагинален, анален секс и веројатно орален секс. Може да се пренесе и мануелно (со рака) при допир на анус или гениталии кои се инфицирани.
Најчесто е асимптоматска, т.е без симптоми иако и тогаш е заразна. Доколку се јават, симптомите обично се забележливи по 1 до 3 недели од инфекцијата. Мажите најчесто чуствуваат болка и пецкање при мокрење, уретритис и појава на секрет. Доколку не биде успешно третирана во рана фаза, инфекцијата може да предизвика простатитис (воспаление на простата) или епидидмитис( воспаление на тестиси). Може да води и кон инфертилитет ако остане нелекувана долг период.

Пренатална дијагностика
Пренаталната дијагностика е гранка која се занимава со идентификација на структурни или функционални аномалии кај фетусот.
Структурните аномалии или малформации се јавуваат како резултат на генетски дефекти. Вториот тип на аномалии се деформации што се јавуваат кај генетски нормален фетус, а се последица на механичка пречка пр. Контрактури на екстремитетите како резултат на олигохидрамнион (намалена околу плодова вода). Синдромите претставуваат збир од повеќе структурни и /или функционални аномалии. Генетскиот сонограм има цел да ги открие ваквите аномалии.
Во тек на прегледот се мерат строго определени маркери кои во зависност од поврзаноста со даден синдром се делат на мајорни и минорни.
Мајорни маркери асоцирани со тризомии 13, 18 и 21 се:
- Цистична хигрома
- Вентрикуломегалија
- Холопрозенцефалија
- Дијафрагмална хернија
- Атрезија на хранопровод
- Дуоденална атрезија
- Омфалоцеле
Минорни маркери асоцирани со Down syndrome се:
- Зголемена нухална транслуценција
- Отсуство на носна коска
- Брахицефалија
- Хиперехоген фокус во срцето
- Дилатација на структурите на бубрезите
- Краток фемур ( бутна коска)
- Краток хумерус ( рамена коска)
Скрининг за Down syndrome се прави во прв и втор триместар на бременоста.
Во првиот триместар меѓу 11 и 14 гестациска недела се прави PRISCA при што се земаат во предвид ултразвучните маркери како нухална транслуценција (NT), бипариеталниот дијаметар (BPD) , должината на фемурот (FL) и присуството или отсуството на носната коска NB), биохемиски маркери во крвта на бремената и со помош на програма се калкулира ризикот од појава на овој синдром.
Чувствителноста на тестот е 79-97%, а лажно позитивни резултати се добиваат во 5% од случаите.
Истиот тест служи за детекција и на тризомии 13 и 18 со чувствителност до 90% и лажно позитивни резултати само во 1%.
Ризик фактори поврзани со овие синдроми се:
- Возраст на жената >35 г.
- Претходни деца со тризомија
- Анамнеза за абортуси во ран период ( < 8 гн)
Кај жени со висок ризик или при ултразвучни знаци за аномалии индицирана е амниоцентеза. Тоа е инвазивна процедура при која со помош на игла и под контрола на ултразвук се влегува во амнионското ќесе и се зема околуплодова вода, која потоа се праќа на генетско испитување.
Во зависност од гестациската старост на плодот амниоцентезата се класифицира на:
- Рана – меѓу 11 и 14 гн
- Касна меѓу 15 и 20 гн
Неплодност (инфертилитет) кај мажи
Машка неплодност преставува неможност да се добие потомство поради фактори кои се единствено поврзани со мажот. Меѓу тие фактори се малата продукција на семена течност (сперма), неподвижни сперматозоиди, лошо формирани (малформирани) сперматозоиди или прекини кои оневозможуваат нормален доток на сперма. Овие состојби може да бидат резултат на болести, инфекции, хронични здравствени проблеми, повреди и/или надворешни фактори како што е изложеност на одредени хемиски реагенси.
Меѓу најчестите причини за машки инфертилитет се вбројуваат:
Проширени вени (Варицоцелес)
Варицоцелес се прошиени вени во семените ќеси (сцротум), Се појавуваат бидејќи крвта правилно не протекува низ нив. Овие проширени вени предизвикуваат дополнително количество на крв да се задржува во семените ќеси што пак има негативен ефект на создавањето сперма. Тоа е една од најчестите причини за инфертилност и може да се корегира со мал хируршки зафат.
Проблеми со каналите
Каналите низ кои се пренесува спермата може да отсуствуваат. Може отсуството да е билатерално (на двете страни) и вродено или да се механички блокирани поради кила или оперативи зафати, или со ткиво од зараснување како одговор на инфекции. Спермата се создава во семените каналчиња и потоа се носи во уретрата што всушност е каналот низ кој мажите уринираат и ејакулираат. Спермата мора да помине низ ејакулаторните канали за да дојде од семените канали до уретрата.
Имунолошки инфертилитет
Мажите може да развијат имунолошки одговор, антитела, кон сопствената сперма. Причини за ова се повреди на семениците (тестес), големи проширени вени во тој регион, операции на истите или неразјаснети причини.
Овие антитела веројатно имаат ефект на неколку процеси при фертилизацијата: како што се да му отежнат на сперматозоидот да навлезе во матката или да се поврзае за и навлезе во јајце клетката.
Потешкотии со ерекција и ејакулација
Околу 5% од двојките со инфертилитет имаат фактори поврзани со самиот полов однос. Тука се вклучени неможност да се во вопостави и одржи ерекција, прерана ејакулација, неможност за ејакулација, ретроградна (повратна) ејакулација, несоодветно временско планирање на половите односи и претерано самозадоволување (мастурбација). Најчестиот проблем е всушност малиот број на полови односи во тек на месецот. Потврдено е дека 5 од 6 претходно фертилни двојки, ќе забременат во периодот од 6 месеци ако имаа односи 4 пати неделно. Споредено со тоа, само 1 од 6 исто така фертилни двојки ќе забремени ако имаат односи еден пат во неделата.. Самозадоволувањето кое води до ејакулација предизвикува губење на сперма и со тоа намален број на сперматозоиди во наредниот ејакулат. Не се препорачува доколку двојката се обидува да зачне дете.
Проблеми со активноста на семениците (тестес)
Ова генерално се однесува на неможноста делот од семениците кој инаку произведува сперма да создаде соодветен број на зрели сперматозоиди. Ова може да се случи во било која фаза од создавањето поради состојби како што се кога во семениците сосема отсуствуваат клетки кои се делат за да станат сперматозоиди-Сертолиеви клетки или спермата неможе да го заврши својот развиток поради тоа што од неразјаснети причини се заглавува во некоја фаза од делбата. Во некои случаи поради генетски абнормалности, хормонални фактори или проширени вени, бројот на произведени сперматозоиди може да биде толку мал што само неколку или воопшто не се присутни во ејакулатот. Но, и во овие случаи, тој мал број на сперматозоиди може да бидат колектирани со методите на напредната репродуктивна технологија и да се добие успешна бременост.
Скриени семеници (Црѕпторцхидисм)
Терминот се однесува на состојба кога кај детето по раѓањето се утврдува дека семениците не се целосно спуштени во семените ќеси. Поради тоа што семениците се многу чувствителни на температура, ако истите не е спуштат до адолесценција, тие ќе престанат сосема да произведуваат сперма, а поглема е стапката и на малигнитет. Препораката е на околу едногодишна возраст, ако самите не се спуштат, да се направи хируршки зафат со кој ќе се доведат во позиција со што се зголемува можноста за нормален фертилитет.
Лекарства
Бројни лекарства може да имаат негативен ефект на создавањето на сперматозоиди. Ваквото дејство е опишано на упатството на самите лекови. Меѓу другите типови на лекови, овде спаѓаат и некои антибиотици како што се Нитрофуран, Ерѕтхромѕцин, Гентамицин. Во групата пак на лекови кои предизвикуваат еректилна дисфункција, разбирливо, спаѓаат повеќето антипсихотици и антидепресиви.
Хормонални пореметувања
На семениците им е потребна стимулација од хормоните на хипофизата за да произведуваат сперма. Доколку тие отсуствуваат, продукцијата ќе се намали или ќе отсуствува. Важно е дека мажите кои земаат андрогени (стероиди) за боди билдинг, било орално или со инјектирање, ја прекинуваат продукцијата на хормони за создавање сперма.
Инфекции
Мажите може да имаат инфекции кои може да бидат на простатата (простатитис), на надсеменикот (епидидѕмитис)или на семениците (орцхитис).
Вирусни инфекции на семениците по пубертетот може да предизвикаат сериозни оштетувања, дури и неповратна неплодност. Бактериските инфекции или сексуално преносливите болести може да предизвикаат затворање на каналите. Во тој случај, пациентот има нормално производство на сперма, но каналите по кои таа патува се затворени.
Активните бактериски и вирусни инфекции може да имаат негативен ефект на создавањето или функционирањето на спермата. Лабораториски испитувања треба да се спроведат ако постои сомневање за микроорганизми. Тие најчесто ги вклучуваат сексуално преносливите болсти како што се Мѕцопласма, Уреапласма Цхламѕдиа., по што ако се детектирани се зема терапија со антибиотици и бројот на сперматозоиди се враќа во нормала. Нетретирани инфекции може да го намалат трајно бројот на сперматозоиди.
Квалитетот на спермата може да биде значително подобрен доколку се внимава на некои фактори. Такви се:
- Пушење
Пушењето и токсините од истото, предизвикуваат 23% намалување на концентрацијата на спермата и 13% намалување на подвижноста на сперматозоидите (средна вредност од повеќе студии). Во поблага форма, пушењето предизвикува зголемен прој на сперматозоиди со абнормална форма и токсичност на семената плазма (течноста која се ејакулира заедно со сперматозоидите). - Рекреативни дроги
Марихуаната (цаннабиноид) го намалува општиот број на сперматозоиди, нивната подвижност и нормална морфологија. Го намалува и нивото на хормони, пред се тестостеронот во плазмата. Кокаинот, дури и ако многу ретко се конзумира, предизвикува намалување на општиот број на сперматозоиди, нивната подвижност и нормална морфологија. Овие ефекти може да се забележат кај мажи кои конзумирале дури и 2 години пред извршената анализа на сперма. Кокаинот ја намалува и способноста на сперматозоидите да навлезат во матката.
Анаболичните хормони (машки хормони) кои се употребуваат за да се зголеми мускулната маса и да се подобри атлетската способност го спречуваат создавањето на тестостерон во семениците што предизвикува значително намалување на создавањето на сперма или комплетно отсуство на истото. - Алкохол
Умерена употреба на алкохол не влијае на создавањето на сперма. Но прекумерната употреба, влијае на хормоните, а со тоа и на создавањето на сперма. Влијанието може да биде предизвикано и ако прекумерната употреба предизвика несоодветна функција на црниот дроб или недостиг на некои хранливи состојки. - Лубриканти
Повеќето се штетни за спермата и затоа не треба да се употребуваат доколку се планира семејство. - Вежбање
Стесот и прекумерната тежина негативно влијаат на бројот на сперматозоиди и квалитетот. Поради тоа, одржувањето на тежината и намалувањето на стесот со здрава исхрана и вежби, има позитивен ефект. Аеробните тренинзи го подигаат нивото на тестостерон со што се зголемува продукцијата на сперма. Но, само доколку се умерени. Мажи кои трчаат повеќе од 150 км неделно или велосипедисти кои возат повеќе од 80 км неделно имаат намалена сперматогенеза. - Високи температури
Треба да се избегнуваат средини кои ја зголемуваат температурата во семените ќеси. Такво е на пример носењето на тесна долна облека која ги држи семениците блиску до телото и така предизвикува притисок и зголемена темпретура во нив, што пак води до намалена продукција на сперма. Врели бањи, сауни, дури и лаптоп компјутери кои создаваат топлина, а се потпрени во тој регион, може да влијаат бидејќи дури и мало зголемување на темпера турата има негативен ефект на продукцијата. - Витамини и антиоксиданси
Витаминот С е есенцијален за синтезата, развитокот и одржувањето на нормалната сперма. Го намалува и прилепувањето (аглутинација) на сперматозоидите еден за друг. Витамнот Е го намалува оштетувањето предизвикано до слободните радикали. Недостигот на витаминот В9 (фолна киселина) е поврзан со ниска концентрација на сперматозоиди. Цинкот е важен за функција на простатата,која пак произведува дел од семената течност. - Вијагра
Не е докажано дека влијае на плодноста кај мажите или дека влијае на концентрацијата на спермата. Но, со самото тоа што овозможува еректилна функција, помага во половиот однос.
Доколку повеќе од една година без успех партнерите активно се обидуваат да зачнат дете, тогаш се предлага да се изврши контрола на плодноста. Кај мажот тоа подразбира анализа на семената течност (сперма). Тоа е безболна метода која го одредува количеството и квалитетот на спермата. За анализа, потребно е да се достави примерок колектиран со мастурбација во стерилен сад (чашка за урина).

PCOS
Синдром на полицистични јајници или ПЦО синдром е најчестото ендокрино нарушување кај жени во репродуктивна возраст и истиот е најчеста причина за женска неплодност.
Дијагнозата на овој синдром не е лесна, особено во пубертетот кога поради незрелост на хипоталамо-хипофизарната оска (таа го регулира менструалниот циклус), менструалните циклуси често се нередовни.
Карактеристични за овој синдром се следните нарушувања:
- Менструални нарушувања:
- аменореа ( отсуство на менструација > 3 мес ), олигоменореа ( < 8 менструални циклуси во текот на 1 година) , па се до епизоди на обилни крварења ( менометрорагија) како резултат на хормонален дисбаланс.
- Инсулинска резистенција (хиперинсулинемија) и нарушена глукозна толерантност какои симптоми поврзани со истата – обезитет (наднормална телесна маса) , Диабетес мелитус тип 2 , хипертензија, дислипидемија, Акантозис нигриканс (потемнување на кожата најчесто на задната страна на вратот, аксилите, под градите), кардиоваскуларни нарушувања.
- Хиперандогенизам:
- покачени нивоа на машки полови хормони- тестостерон, андростенедион) – пристутно кај 70-80 % од жените со овој синдром. Покачените нивоа на овие хормони водат до појава на влакнетост по лицето и телото, изразено во различна степен( хирсутизам ), како и до појава на акни.
- Дислипидемија( дисбаланс на маснотиите во организмот):
- покачени нивоа на ЛДЛ и триглицериди, а намалени нива на ХДЛ.
За да се постави дијагноза ПЦОС потребни се хормонски анализи( за да се докаже хормонскиот дисбаланс), испитување на глукозната толерантност (ОГТТ ) како И нивото на инсулин во крвта, ултразвучно да се докажат цисти на јајниците ( критериуми за полицистични јајници се присуство на 12 и повеќе цисти со големина од 2-9 мм и зголемен волуме на самиот јајник).
Изборот на терапија зависи од изразеноста на симптомите а се состои од: - Намалување на телесната тежина
- физичка активност
- хормонска терапија
- и на последно место оперативен третман.
- покачени нивоа на ЛДЛ и триглицериди, а намалени нива на ХДЛ.