Намалена плодност, односно инфертилитет означува невозможност на забременување во текот на една година при сексуални односи без заштита. Се смета дека во денешно време приближно секој седми пар се соочува со проблеми на неплодност.
Доколку жената на возраст до 35 години во текот на една година, а жената над 35 години во текот на шест месеци, не забремени при сексуални односи без заштита се препорачува да се обрати кај лекар. Се смета дека причините за неплодноста се 45% кај мажите, 45% кај жените и 10% се непознати причини кај двајцата, односно кај мажот и кај жената.
Потребно е да знаете:
Доколку женатa до 35-тата год. редовно одела на гиниколошки прегледи шансите за забременување се неколу пати поголеми.
Центарот за ин витро оплодување ГИНЕКОМЕДИКА - Скопје, применувајќи ги најновите достигнувања во науката и технологијата ги нуди следниве услуги:
- Синдром на оваријална хиперстимулација – OHSS
- Пренатална дијагностика
- Прегледи и анализи потребни за вклучување на осигураното лице (парот) во постапката за БПО преку ФЗО
- Неплодност (инфертилитет) кај мажи
- Лекарства што се користат во АРТ (Асистирани Репродуктивни Техники)
- Испитување на семен материјал-спермограм
- Инсеминација
- Ин витро оплодување
- Женски инфертилитет
- Евалуација на Инфертилни (неплодни) партнери
- PCOS