PCOS

Синдром на полицистични јајници или ПЦО синдром е најчестото ендокрино нарушување кај жени во репродуктивна возраст и истиот е најчеста причина за женска неплодност.

Дијагнозата на овој синдром не е лесна, особено во пубертетот кога поради незрелост на хипоталамо-хипофизарната оска (таа го регулира менструалниот циклус), менструалните циклуси често се нередовни.

Карактеристични за овој синдром се следните нарушувања:

  1.  Менструални нарушувања:
    • аменореа ( отсуство на менструација > 3 мес ), олигоменореа ( < 8 менструални циклуси во текот на 1 година) , па се до епизоди на обилни крварења ( менометрорагија) како резултат на хормонален дисбаланс.
  2. Инсулинска резистенција (хиперинсулинемија) и нарушена глукозна толерантност какои симптоми поврзани со истата – обезитет (наднормална телесна маса) , Диабетес мелитус тип 2 , хипертензија, дислипидемија, Акантозис нигриканс (потемнување на кожата најчесто на задната страна на вратот, аксилите, под градите), кардиоваскуларни нарушувања.
  3.  Хиперандогенизам:
    • покачени нивоа на машки полови хормони- тестостерон, андростенедион) – пристутно кај 70-80 % од жените со овој синдром. Покачените нивоа на овие хормони водат до појава на влакнетост по лицето и телото, изразено во различна степен( хирсутизам ), како и до појава на акни.
  4.  Дислипидемија( дисбаланс на маснотиите во организмот):
    • покачени нивоа на ЛДЛ и триглицериди, а намалени нива на ХДЛ.
      За да се постави дијагноза ПЦОС потребни се хормонски анализи( за да се докаже хормонскиот дисбаланс), испитување на глукозната толерантност (ОГТТ ) како И нивото на инсулин во крвта, ултразвучно да се докажат цисти на јајниците ( критериуми за полицистични јајници се присуство на 12 и повеќе цисти со големина од 2-9 мм и зголемен волуме на самиот јајник).
      Изборот на терапија зависи од изразеноста на симптомите а се состои од:
    • Намалување на телесната тежина
    • физичка активност
    • хормонска терапија
    • и на последно место оперативен третман.