Овој синдром се развива како резултат на егзогена терапија со гонадотропини и се јавува во 1-5 % од жените третирани на овој начин. Најголемиот ризик фактор за развој на синдром на оваријална хиперстимулација е PCO синдромот.
Симптомите на OHSS се:
- Болки во долен дел на абдомен
- Гадење/повраќање
- Зголемување на телесната тежина
Изразеноста на симптомите варира, може да бидат лесно или тешко изразени.
Кај тешките форми на OHSS има појава на :
- Силна абдоминална болка
- Дистендиран абдомен
- Асцит( слободна течност во абдоменот)
- Диспнеја ( отежнето дишење)
- Олигурија ( намалено лачење на урина)
- Тромбоемболизам
Дијагнозата се базира врз основа на горенаведените симптоми и на ултразвучниот наод- силно зголемени јајници, со мноштво фоликуларни цисти, слободна течност во абдомен.
Третманот во зависност од изразеноста на симптомите може да биде амбулантски или хоспитален.