Ureaplasma urealyticum е бактерија која се јавува природно, дури и како дел од нормалната флора кај мажите и жените. Се јавува кај 70% од сексуално активните луѓе. Поради тоа не се смета за класично сексуално пренослива инфекција, иако може да биде пренесена преку сексуален акт. Во некои случаи може да биде пренесена и преку допир со секрет од нос или очи на инфицирана личност бидејќи се пренесува и преку плунка и крв.
Најчесто е асимптоматска, т.е без симптоми и поради тоа, според медицински студии, важно е да се тестира за оваа бактерија на годишно ниво. Доколку се почуствуваат симптоми, тие вклучуваат болка во долниот регион на стомакот, болки при мокрење, невообичаен секрет и крварење од уретрата. Обично инфекцијата се открива кога се јавуваат симптоми од други состојби, како што се уретритис (воспаление на уретра), епидидмитис (воспаление на тестисите), црвенило и воспаление на гениталиите со или без секрет.
Доколку не се третира, инфекцијата може да предизвика инфертилитет, неспецифичен уретритис, пневмониа, менингит. Може да се прошири и на другите делови од телото и да предизвика оштетување на зглобовите, нервите и мускулите. Кај жените (партнерката) освен горенаведените состојби, при бременост може да предизвика и предвремено раѓање, па дури и смрт на плодот.
Меѓутоа, поради честото детектирање и ниската патогеност, поврзаноста на овој микроорганизам со наведените сериозни состојби останува дискутабилна.