Ласерски третман на промени на PVU (грло на матка) или т.н. ласерска вапоризација е супериорен и најупотребуван начин на лекување на промени на PVU (грло на матка).
Со тенок ласерски зрак се отстрануваат сите заболени клетки. Краткотрајна и безболна интервенција со кратко време на заздравување. Процентот на лекување е доста висок, односно над 95 % од случаите се успешни излекувани, без рецидив.
Како специјализирана ординација за промени на грло на матка она што е специфично за работата на ПЗУ Гинекомедика е употребата на Ultrapulse didode laser кој се смета за метода на 21 век. Во поново време доста се распространети промените на грло на матка како ХПВ инфекциите, CIN промени, кoндиломи и слично кои на прв поглед изгледаат доста сериозно но со мала безболна интервенција можат да се отстранат засекогаш. ПЗУ Гинекомедика покажувајќи ја својата хуманост и наклонетост кон своите пациенти во 1998 година го набави ласерот YAG ND кој беше донесен прв на балканот и сеуште е еднствен од таков вид. Во јануари 2013 е набавен новиот уште пософистициран и поспецијализиран ултрадиоден пулсен ласер.
Предноста на овој ласер е во тоа што светлосниот зрак е флексибилен. Преку колпоскопот точно дејствува на заболеното место. Тоа е предност за млади жени кои што не родиле. Ако е заболена само една точка само таа се лечи, ткивото кое е здраво не се зафаќа. Се цели само на местото каде што е промената, се уништува таа промена предизвикана најчесто од HPV вирусот и пациентката со едноминутна безболна интервенција едноставно е излечена. Тоа е најголемата предност на ласерот со кој што ние како ординација располагаме, за разлика од другите ласери на пример ласерот CO2 чиј зрак зафаќа многу пошироко и кои го отсрануваат и останатиот дел од здравото ткиво. Фасцинантна метода посебно за жени кои што не родиле. Нема никакви недостатоци и штетни дејства.